Во Скопје се одржува Студискиот ден „Католичката црква во Македонија низ својата историја“
Денес 10 ноември 2018 година, со поздравниот говор на Н.В. П. монс д-р Киро Стојанов во НУ „Музеј на македонската борба“ започна Студискиот ден „Католичката Црква во Македонија низ својата историја“,. Во своето обраќање бискупот Стојанов поздравувајќи ги пристуните истакна: Со особена благодарност ве поздравувам и верувам дека секој ваш збор во овие излагања ќе бидат сигурно збогатување на овој ден, како што реков, овој е прв ваков ден кој има желба да даде светлина на назначените теми од стручен аспект, кои сигурно дека треба да се продлабочуваат.
На отворањето до пристуните се обрати и Н.Ем. кардинал Винко Пуљиќ, врхбосански надбискуп и митрополит кој најпрво ги поздрави сите присутни и се заблагодари на месниот бискуп монс. Киро Стојанов, за поканата како и за организацијата на овој Студсики ден, заедно со соработниците и соработката со Католичкиот богословски факултет во Сараево, како и на останатите предавачи. (…).
Иако не сум историчар, но многу е интересно да се појде во минатото на овој град, како и до католиците во оваа земја. (…) Тука ќе слушнеме борјни податоци од минатото, подобро кажано ќе ги запознаеме корените на Црквата на овие простори. Како би биле свесни на својот идентитет и своето послание и во овие времиња. Понекогаш сме во опасност да се исплашиме од сегашните предизивици, а всушност ако погледнеме во минатото тие предизвици никогаш не недостасувале – рече кардинал Пуљиќ.
На присутните се обрати и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во Македонија, м-р Дарјан Сотировски, деканот на Православниот богословски факултет проф. д-р Ѓоко Ѓоргевски и деканот на Католичкиот богословски факултет во Сараево доц. проф. д-р Дарко Томашевиќ.
Научниот собир Католичката црква во Македонија низ историјата продолжува во текот на денот со предавања на професори од земјата и странство, а модератор е проф. емиритус д-р о. Мато Зовкиќ.