Папата: Да градиме цивилизација на љубовта

Папата: Да градиме цивилизација на љубовта

Во пораката која ја објави на својот Твитер профил, на 18 јули 2018 година, папата Фрањо го истакна Исусовиот повик за градење на цивилизација на љубов во секојдневниот живот.

Исус нѐ повикува заедно да ја градиме цивилизацијата на љубов во секојдневните ситуации во нашиот живот – истакна папата Фрањо во твитер пораката по повод Меѓународниот ден на Нелсон Мандела кој Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи на неговиот роденден 18 јули во 2009 година, во чест на добитникот на Нобеловата награда за мир заради неговиот придонес за демократијата, расната правда и помирувањето.

Спомнувајќи си на Нелсон Мандела, Светиот Отец пред точно една година на своите следбеници на Твитер им порача: Треба да се надминат сите облици на расизам, нетолеранција и инструментализација на човечкото битие. Треба исто така да се спомне дека Папата во декември 2013 година упати телеграма со сочувство по повод смртта на тој борец за човековите права, во која потсетува на неговите напори да се промовира човековото достоинство на сите Јужноафриканци, изразувајќи притоа надеж дека неговиот пример ќе вдахнува генерации Јужноафриканци, за на чело на своите политички стремежи да ја постават правдата и општото добро.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот