Редуцирани јавните настапи на Папата во летниот период

Редуцирани јавните настапи на Папата во летниот период

Генералната аудиенција која се одржува секоја среда, ќе биде прекината во текот на месец јули и повторно ќе започне да се одржува во месец август во големата ватиканска сала Павле VI, соопшти ватиканскиот прес-центар на 3 јули 2018 година. Единствен јавен настап останува пладневната молитва Ангел Господов, која Папата ја моли од Апостолската палата во недела попладне. Утринските литургии кои папата Фрањо ги служеше во домот Света Марта во Ватикан, во присуство на различни групи верници, исто така ќе бидат прекинати во јули и август и од месец септември ќе имаат повторно јавен карактер.

Во летните месеци се предвидени две апостолски патувања: на 7 јули во Бари, по повод екуменската молитвена средба за мир на Блискиот Исток, која ќе се додржи заедно со поглаварите на Црквите и христијанските заедници од Блискиот Исток и второто патување на 25 и 26 август во Даблин – Ирска, по повод Светската средба на семејства.

Ватиканњуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот