Бискупот Стојанов го прими државниот секретар за Хрвати надвор од Хрватска

Бискупот Стојанов го прими државниот секретар за Хрвати надвор од Хрватска

Во бискупската резиденција во Скопје на 19 јуни 2018 година Скопскиот бискуп и епарх Струмичко – скопски монс. Киро Стојанов ја прими делегацијата на Р. Хрватска предводена од државниот секретар господинот Ѕвонко Милас од Централната државна канцеларија за Хрвати надвор од Република Хрватска.

По тет-а- тет средбата на бискупот Стојанов и државниот секретар Милас одржан е состанок на кој бискупот Стојанов и искажа добредојде на делегацијата на Р. Хрватска предводена од државниот секретар Милас и амбасадорката на Р. Хрватска во Р. Македонија Даниела Баришиќ.

Во својот говор бискупот Стојанов се присети на средбата во Загреб како и на неодамнешната средба во Скопје со претседателката на Р. Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ изразувајќи благодарност за поддршката. Кратко ги информира присутните за Скопската бискупија како и за убавата вест дека минатиот месец Папата Фрањо Апостолскиот егзархат во Македонија за католиците од источен обред го воздигна во епархија. Исто така ја истакна присутноста низ историјата и денес на хрватските мисионери свештеници на овие простори,  како и лаичките движења членовите на Неокатехуменскиот пат ,,missio ad gentes “ и движењето на Фоколарите меѓу кои се присутни и семејства од Хрватска. Нагласувајќи ја добрата поврзаност со бискупите во Хрватска бискупот истакна дека младите преку нашите парохии се присутни на различни летни кампови во Хрватска; средба на Хрватските млади католици, и својата формација за аниматори ја постигнуваат во Центарот за млади „ Иван Павле II“ во Сараево и на тој начин Црквата им помага на младите со хрватски корени да ја одржат поврзаноста со татковината и нејзиното богатство.  Бискупот истакна дека Црквата настојува да биде блиску со Хрватската заедница преку нејзиниот живот и настани нагласувајќи дека Литургиските славења се на хрватски јазик и дека голем дел од програмата во студиото на Радио Марија е на хрватски јазик. Исто така се заблагодари за отвореноста за соработка и проекти.

Државниот секретар Милас се заблагодари на бискупот Стојанов за искажаните зборови за добредојде честитајќи за новооснованата епархија, и искажа благодарност до Црквата за сето она што го прави за Хрватите во Република Македонија. Истакнувајќи го големиот допринос на Црквата во Хрватските мисии секретарот Милас рече дека Црквата ја осигурала својата иднина чувајќи го хрватскиот јазик, култура и идентитет. Го запозна бискупот дека во Скопје во понеделник на 18 јуни е одржана Третата седница на Меѓувладиниот мешан одбор за следење на договорот на хрватското малцинство во Република Македонија и македонското малцинство во Република Хрватска.

По средбата државниот секретар Милас со делегацијата ја посети скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“ и на кратко е запознат со историјата и животот на парохиската заедница. Предводени со молитвата на скопскиот парох дон Давор Топиќ присутните се помолија за Хрватската заедница во Р. Македонија пред статуата на Срце Исусово пред која како млада девојка се молела Света МајкаТереза.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот