Љубете ги своите непријатели и молете за своите гонители: станува збор за таинство со кое ние христијаните треба да се сообразиме како би биле совршени како Отецот небесен – истакна папата Фрањо за време на светата Литургија која ја служеше во домот Света Марта во вторник 19 јуни 2018 година
Во центар на размислувањето на Папата беше делот од 5. глава од Еванеглието според Матеј каде Исус ги повикува своите ученици на поголем стандард на човечки односи како би биле совршени, праведни како Отецот небесен кој е совршен. Светиот Отец напомена дека простувањето, молитвата и љубовта кон оние кои сакаат да нѐ уништат претставуваат пат кој го зацрта Исус.
Да се моли за непријателите
Папата објасни дека е предизвик за христијанскиот живот да се бара од Господ милост како би ги благословувале своите непријатели и да ги сакаме.
Да молиме за оние кои сакаат да ме уништат, за своите непријатели, како би ги благословувал Отецот: тоа е навистина тешко да се разбере – рече Светиот Отец и продолжи: Да се сетиме на настаните од минатиот век, на пример жалните руски христијани, кои ги праќале во Сибир да умрат од студ само затоа што биле христијани. И тие требало да се молат за крвничката власт која ги праќала таму? Како е возможно тоа? А сепак, бројни христијани тоа го правеле, се молеле. Или пак да се сетиме на Аушвиц и другите концентрациони логори: зарем тие требало да се молат за тој дикататор кој сакал „чиста раса“ и кој безкруполозно ги убивал? Тие требало да се молат како Бог би го благословил? А сепак многумина тоа го правеле – напомена папата Фрањо.
Светиот Отец рече дека Исусовата логика е содржна во неговата молитва за оние кои го осудиле со смрт на крстот. Папата потсети дека Исус го моли Бог Отец да им прости.
Постои бескрајна оддалеченост помеѓу нас, кој често одбиваме да простиме дури и мали работи, и она што го бара Господ од нас, она што ни го даде како пример: да се прости на оние кои сакаат да нѐ уништат – истакна папата Фрањо и продолжи. Во семејствата е често многу тешко кога на пример, сопружниците треба да си простат еден на друг после некоја кавга; кога треба да простат на својата баба или свекрва; кога ќерката ќе треба да побара простување од таткото. Тоа не е лесно… Повикани сме да простиме на оние кои нѐ убиваат, кои сакаат да не отстранат… Не само што треба да простиме, туку треба и да молиме за нив како Бог би ги чувал! Уште повеќе, да ги љубиме. Само Исусовиот збор може тоа да го објасни – рече Светиот Отец.
Да бидеме совршени како Отецот
На крајот, Светиот Отец напомена дека е милост кога ќе го разбереме ова христијанско таинство и да бидеме совршени како Отецот кој дава добри работи и на добрите и на лошите. Добро би било кога денес би размислувале за своите непријатели, мислам дека сите имаме некоја личноста која ни направила зло или која сака да ни направи зло. Мафијашката молитва гласи: „Ќе ми платиш“, додека пак христијанската е „Господи, дади ми го својот благослов и научи ме да ги љубам“. Да мислиме на својот непријател и да молиме за него. Нека Господ ни ја даде милоста да ги љубиме своите непријатели – рече на крајот од својата проповед папата Фрањо.
РВ/к.мк