Светиот Отец повика на молитва за католиците во Кина

Светиот Отец повика на молитва за католиците во Кина

Папата Фрањо за време на Генералната аудиенција, на 23 мај 2018 година повика на молитва за католиците во Кина.

По катехезата која ја одржа на Генералната аудиенција на 23 мај 2018 година, Папата потсети дека на 24 мај се одбележува празникот Блажена Дева Марија, Помошничка на христијаните, а која на посебен начин се чествува во кинеското светилиште Шешан недалеку од Шангај. Напомена дека тој празник нѐ повикува да бидеме духовно соединети со сите католици кои живеат во Кина.

За нив се молиме на Пресвета Бгородица за да можат да ја живеат својата вера со ведрина и великодушност и за да можеме да правиме конкретни гестови на братство, хармонија и помирување во полното заедништво со Петровиот наследник – рече папата Фрањо и продолжи: Драги Господови ученици во Кина, општата Црква се моли со вас и за вас и во тешкотиите да продолжите да се доверувате на Божјата волја. Пресвета Богородица никогаш нема да ни ја скрати својата помош и ќе нѐ чува со својата мајчинска љубов – рече Светиот Отец.

На плоштадот беа присутни и ходочасници од Украина кои од 15 до 22 мај учествуваа на 60 меѓународно воено ходочастие на војските во Европа и светот во Лурд. Постојано го молиме Господ да ги исцели раните кои ги нанесе војната и да го дарува мирот на својата сакана Украина – рече папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот