Кардинал Раи: Светските сили нека донесат мир на Блискиот Исток

Кардинал Раи: Светските сили нека донесат мир на Блискиот Исток

Загрижен за сѐ погoлемата напнатост на Блискиот Исток и посебно во Сирија, либанскиот маронитски патријарх Бехар Раи упати уште еден апел за мир. Обраќајки се на меѓународните лидери, патријархот побара на „мирен начин“ да се прекинат сите војни кои го уништуваат целото тоа подрачје“.

Се обраќаме до меѓународната заедница и совеста на светските сили, како заедно би работеле да се прекинат војните и по пат на дипломатски канали да се создаде мир – истакна меѓу другото патријархот Раи во соопштение кое го упати пред заедничкиот напад на Сирија од страна на САД, Велика Британија и Франција. Народите на Блискиот Исток имаат право да живеат во мир. Добро знаеме како зпаочнуваат војните, но не знаме како ќе завршат. За жал не постои јазик на мир меѓу државите – истакна патријархот. Освен тоа многу сум загрижен за ситуацијата во која се наоѓа сирискиот народ, која се одразува и во Либан, и која влијае исто така и на економијата.

Осврнувајќи се на ставовите на светските лидери во врска со ситуацијата во Сирија, патријархот истакна дека е трагично тоа што срцето на светските лидер) нема ниту малку чувство за драмата на милиони невини Сиријци, принудени да ја напуштат својата земја измачена од војна, криминал, уништување, терор и насилство. Задача на светските моќници треба да биде да се ангажираат за да прекинат судирите и да се воспостави мир, кој ќе ги опфати сите страни, кој ќе биде траен и кој ќе се постигне на политички и дипломатски пат, а не со војни – истакна на крајот патријархот Раи.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот