Во понеделник 26 февруари 2018 година започна 23. состанок на папата Фрањо со Кардиналскиот совет,а ќе заврши во среда. Станува збор за прв состанок на Кардиналскиот совет во оваа година и воедно е 23. по ред откако папата Фрањо го формира ова тело, на 28 септември 2013 година, со задача да му помогне на Папата во управување со општата Црква и да ја разгледа можноста за ревизија на апостолската конституција ‘Pastor Bonus’ за Римската курија.
Во едно неодамнешно интервју за Vatican News, бискупот Марчело Семераро, секретар на Кардиналскиот совет, напомена дека на овој состанок повторно ќе се разговара за важните прашања на дикастериите, за кои работата на Кардиналскиот совет ја приведува кон завршна фаза..
Освен тоа, бискупот истакна дека реформите придвижуваат организации и структури, но првата промена која треба да се направи и тоа да се прави постојано е промената на менталитетот. Според мислењето на секретарот на Кардиналскиот совет, она што Куријата треба да го покаже е пред сѐ да биде во согласност со она што папата Фрањо го напиша во Апостолскиот поттик ‘Evangelii Gaudium’, а тоа е дека треба да го усвоиме примерот на мисионерство, навестување на евангелието.
РВ/к.мк