Мојата голема љубов е Блажена Девица Марија – истакна познатиот француски глумец Ален Делон во разговор за списанието Paris Match, кој го пренесоа светските медиуми, толкувајќи дека ова е проштално интервју“ на уметникот.
Ален Делон истакна дека сепак има посебен однос со Марија. „Ја сакам таа жена, сакам сѐ што направила. Разговарам со неа за сѐ што ми се случува, на неа ги упатувам моите молби и прашања“ – рече глумецот и продлжи:
„Таа ми донесува утеха, пријателство кое го немам. Секогаш е со мене, ме слуша и ми дава подршка.“
Во разговорот 82 годишнот Французин рече и дека е „подготвен за смрт“ и дека му е доста од свет во кој сите вредности се лажни, а важни се само парите. „Овој свет ќе го оставам без никакво двоумење“ – рече актерот.
Разговорот навистина бил „исповеднички“ па Делон прозбори и за тоа дека целиот негов живот е обележан со фактот дека неговите родители го оставиле кога имал 4 години. Таа емотивна рана, чувство на напуштеност, направи да биде промискуитетен, во потрага по љубов, која му била ускратена кога бил дете.
Не може да се надомести онаа љубов, која ми беше ускратена како дете. Тоа е дупка која никогаш не можеше да се исполни… Дури и кога сакав некоја жена, се чувствував осамен“, рече Делон.
Да се молиме глумецот потполно да го отвори срцето и да дозволи Марија да го доведе до полна љубов кон Исус, и својата смрт навистина да ја дочека подготвен.
Битно нет/к.мк