Пукањето во Лас Вегас одзеде голем број жртви. Таа трагедија пак на Тејлор Бенге му помогнала да го запознае Бог, за кој трвди дека го спасил…
Почетокот на октомври е обележан со најголемата масовна престрелка досега направена од едно лице во историјата на САД.
Шеесет и четири годишниот Стефан Падок уби 58 луѓе, а рани 489, пукајќи на 22 илјади посетители на отворен концерт за кантри музика, од прозорецот на хотел во Лас Вегас.
Еден од преживеаните посетители на концертот, Тејлор Бенге, за Се-Ен-Ен се присетува на моментот кој ќе го памети цел живот.
„Сестра ми и јас започнавме да трчаме на левата страна и секој пат кога слушавме истрел, баравме засолниште. Сестра ми дури, како што е благородна, се фрли преку мене зборувајќи: „Те сакам Тејлор, те сакам,“ рече Бенге, додавајќи дека тоа никогаш нема да го заборави.
„Видов многу луѓе кои бараа помош, за жал видов и многу од нив кои се држаа за саканите личности додека умираа.“
Пред крајот на краткото интервју Тејлор порача и дека трагичната ситуација силно имала влијание за промена на неговиот став кон Бог.
„Кога дојдов на концертот бев агностик, а сега цврсто верувам во Бог. Верувам затоа што не е можно сето тоа да се случи, а да преживеам. Благословен сум со тоа што можам овде да стојам жив и да разговарам со тебе денес.“
Битно.нет/к.мк