Светиот Отец во кратката проповед во Домот Света Марта на 15 септември 2017 година, ги повика присутните верници на размислување за Девица Марија како Богородица Жална под крстот, на денот кога Црквата се сеќава на неа како таква.
„… Да се контемплира Исусовата Мајка; да се контемплира тој знак на противење, бидејќи Исус е победник, но на крстот. (…) Тоа е контрадикција која не се подразбира…“ Потребна е вера за да се сфати тоа или барем да се приближиме на тоа таинство – рече Папата.
Марија знаела и „целиот нејзин живот го живеела со прободена душа.“ Го следела Исус и ги слушала коментарите на луѓето, кои понекогаш биле „за“, а понекогаш „против“, но секогаш стоела покрај својот Син. Поради тоа за неа велиме дека е „првата ученичка“ – објасни папата Фрањо. Марија во себе го носела тој немир поради што во нејзиното срце станало „знак на противење“.
На крајот била таму, во тишина, под крстот, загледана во својот Син. Можеби слушала коментари во стилот: „Погледнете тоа е мајката на еден од оние тројца злосторници“. Сепак, пред својот Син се претставила со „убаво лице“ – рече Папата.
„Ова што сега го зборувам се мали зборови, кои ќе ви помогнат да размислувате за таинството во тишина. Во тој момент (под Крстот) таа родила, ја роди Црквата. ‘Жено’ ѝ рече нејзиниот Син – ‘Еве ги твоите деца’. Не вели „Мајко“ – туку „Жено“. Силна жена, храбра, бидејќи стоела таму како би кажала: „Ова е мојот Син. Нема да се откажам од Него“.
РВ/к.мк