Венецуелските епископи се противат на репресијата

Венецуелските епископи се противат на репресијата

По завршување на пленарната седница, одржана во главниот град Каракас, венецуелските епископи упатија нов апел,, додека во земјата се влошува сѐ повеќе политичката, институционалната и економската криза, со повеќе од 100 жртви во судирите на плоштадите минатите месеци. Епископите го објавија документ насловен „Итен апел до католиците и до луѓето со добра волја во Венецуела”.

Апелот на епископите е сериозен акт на обвинување против сегашната влада: се разоткрива „нечовечката репресија” за време на протестите на граѓаните кои бараа само почитување на демократијата; потсетуваат на апсењата и процесите без суд на оние кои се противат на владата, мачењата, кршењето на човековите права од страна на властите, насилните активности на „парамилитарните илегални групи” кои се на страна на владата.

Епископите го потврдуваат несогласувањето за создавање конститутативно собрание, предложено од извршната власт: тоа не се прифаќа од народот и има за цел „во земјата да се воведе диктаторски режим”, создавајќи „социјалистичка, марксистичка и воена држава, со укинувањето на независноста на властите” и „со намера да се елиминираат сегашните државни органи, особено Народното собрание, избрано директно од народот”.

Епископите целосно го подржуваат референдумот на 16 јули, закажан од Народното собрание за да се каже „не” на конститутативното собрание.

Епископите бараат исто така и хуманитарен коридор, за добивање лекови и прехранбени производи, кои веќе со месеци недостигаат во земјата.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот