Парохот со верници од Нова Маала на ифтар во месната џамија

Парохот со верници од Нова Маала на ифтар во месната џамија

На 5 јуни 2017 година, верници од парохијата „Успение на Пресвета Богородица“ од Нова Маала, предводени од парохот о. Спасо Ристов, на покана од месниот имам Сејкан Ајтен, присуствуваа на ифтар во месната џамија.

По повод муслиманскиот празник Рамазан, парохот о. Спасо Ристов со неколку верници присуствува на вечера, која верници од муслиманска вероисповед според нивните обичаи, ја спремаат и ја делат помеѓу нив како и со блиските околу нив, според зборовите на имамот Сејкан, во овој случај и со христијаните, кои се од истото населено место.

Парохот о. Спасо Ристов им се заблагодари за поканата, за срдечниот пречек4 и додаде дека и понатаму треба да живееме во разбирање. Посакувајќи им лесен пост на присутните им поклони Библија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот