Во пресрет на доаѓањето на папата Фрањо во Фатима, португалските медиуми на првите страници речиси во сите весници ја објавуваат неговата слика, а посебно се истакнува безбедносниот аспект на ходочастието, пренесува Радио Ватикан.
Така весникот „Correio da manha“ истакнува дека на 100 годишнина од објавата на Пресвета Богородица, папата Фрањо ќе го чуваат 6.000 полицајци. Во светилиштето се наоѓаат инсталирани детектори за метал, заради проверка на ходочасниците, а во самото светилиште не може да се пријде освен пеш. Куќата во која Светиот Отец ќе преспие исто така е под строг надзор, а истиот весник пренесува и графички план за распоредот на Папата и пишува за дарот „златна ружа“, кој Папата го носи во Фатима. Временската прогноза предвидува обилни врнежи и на самиот ден на канонизацијата на двајцата пастири. Весникот исто така пренесува и изјави од ходочасниците кои токму за оваа пригода се на ходочастие во Фатима.
Весникот „Diario de noticias“ на својата насловна папата Фрањо го нарекува „Предвесник на мирот“ и „Ходочасник кој сите ги собира“, пренесувајќи исто така мапа со назнака на различните локации од ходочастието на Папата, пишува за неговата средба со португалскиот претседател Марсел Ребел и пренесува статија за мерките за безбедност кои се преземаат по повод ходочастието на Папата.
Португалскиот „Publico“ пренесува податок за 1.700 акредитирани новинари од целиот свет, серија сведоштво од ходочасниците за нивните очекувања од ова доаѓање на Папата, а некои колумни зборуваат за непријателите на Папата. Поголемиот број од медиумите на Светиот Отец му искажуваат добредојде, со детален распоред за активностите на Папата. Се најавува и присуство на околу 3000 млади кои ходочастат во Фатима.
Ика/к.мк