Содржината на божиќната подготовка не се исцрпува со правење на божиќни венци, украсувањето на божиќните дрвца, купувањето на дапоклони за сакани личности, одењето на утрински божиќни свети литургии.
Позната е онаа народната дека „нема леб без мотика“. Со други зборови, нема успех без работа. И покрај сѐ поголемото присуство на искушенијата за обезвреднување на човековиот труд и залагањата, сепак во пракса останува кажаното дека за „лебот“ е потребна „мотика“. Сѐ останато може да биде примамливо и да се исплаќа за кратко време, но на долги патеки е осудено на пропаст. Тоа го потврдува и човечкото секојдневие во неговата духовна димензија затоа што и духовните плодови бараат „ископување“, „залевање“ и негување. На ова христијаните се посветуваат на извонреден начин два пати годишно: во Великиот пост и во Божиќниот пост. Но, поради содржината на овие „подготвителни“ периоди, за разлика од Великиот пост како „покорничко“ време, Божиќниот пост останува во сенката на исчекувањето на божиќната радост и сѐ што доаѓа со неа, но всушност од Бога е дадено време за лично и заедничко преиспитување.
Најверојатно на многумина им е познат оној виц кој вели дека човекот деноноќно го молел Бог да добие на лото – така што тоа би ги решило сите негови проблеми. После силните молитви Бог му се смилувал, но имал само еден услов после кој би можел да му ја исполни желбата, а тој бил конечно да уплати лото. Со тоа се истакнува дека очекувањето е бесмислено ако човекот не вложи барем минимум напор кој го бара логиката на постоењето. Тоа луѓето го чувствуваат во внатрешноста на своето битие така што неретко може да се слушне – иако само во Библијата тоа никаде неможе преку изрека да се пронајде – дека некој вели: „Бог рекол: Чувај се и ќе те чувам.“
Христијаните, подготвувајќи се преку Божиќниот пост за да го прослават Христовото раѓање, имаат причина да се надеваат дека Бог спасоносно ќе интервенира и во нивната сегашност. Но, таа надеж не е поттик на духовна рамнодушност зачинета со блескавите дарови, туку причина за личен ангажман за малиот Бог – Божиќ – да може да се роди во срцата на верниците. На тоа поттикнува и конечниот сегмент на прославата на овој најрадосен христијански празник, а тоа е очекувањето на славното Божјо доаѓање на „крајот на времето“ кога Он ќе им „суди на живите и мртвите“.
Па така, содржината на божиќната подготовка не се исцрпува со правење на божиќни венци, украсувањето на божиќните дрвца, купувањето на поклони за саканите личности, одењето на утрински божиќни свети литургии, бидејќи ако сето тоа се убави обичаи кои треба да се негуваат, сепак малкумина зборуваат за личниот став кон Христовото раѓање. Божиќната ѕвезда свети на сопствената нива, но и на колективното битие за да можеме во текот на оваа време да се подготвиме за доаѓањето Господово. Бог за тоа дарува милосни охрабрувања, а на човекот е дали ќе сака да одговори на нив. Божиќната радост сигурно ќе биде многу посилно доживеана ако се подготвиме за тој празник и ако биде сериозно сфатен. Особено за тоа треба да бидат свесни сите католици. Сегашниот момент упатува на неопходноста за отфрлување на гревот; кој води до неслога, раздор, омраза и отуѓеност едни од други. Можат ли било какви „празнични“ дарови да ги израдуват луѓето католици? Сите оние кои потврдно ќе одговорат на ова, се приклонуваат кон оние кои велат дека лебот може да се добие и без мотика. Охрабрувањето од страна на Петровиот наследник, папата Фрањо укажува токму на оваа реалност: без лично животно сведочење нема вера – таа е само приврзок.
Ако ѕирнеме во историјата, ќе најдеме дека секогаш била присутна опасноста од погрешното сфаќање на Христовиот роденден: од тоа каде требало да се роди, кога требало да се роди, кои знаци требало да се следат, итн. Најмногу штета на крајот повторно има самиот човек. Но, на сличен начин е пред денешните христијани предизвикот да ги гледаат само надворешните димензии и апстрактното очекување дека ќе ни биде подобро. Тоа би било исто со човекот од вицот кој никогаш не уплатил лото, а очекува да добие пари. Времето на подготовка за Божиќ е период кога секој лично ја зема „мотиката“ на покора и добрите дела, очекувајќи плодови на мирот и божиќна радост.
Католички тједник/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк