Порака на Папата за Светскиот ден на молитва за создаденото

По повод денешното одбележување на Светскиот ден на молитвата за грижата за создаденото, папата Фрањо објави порака насловена „Да го применуваме милосрдието на нашиот заеднички дом.“ Во неа поттикнува на испит на совеста за гревовите во одосот со создаденото.

По повод денешното одбележување на Светскиот ден на молитвата за грижата за создаденото, 1 септември, папата Фрањо објави порака насловена „Да го применуваме милосрдието на нашиот заеднички дом.“ Во неа поттикнува на испит на совеста за гревовите во односот со создаденото и предлага телесни и духовни дела на милосрдието во поглед на „грижата за заедничкиот дом.“

Светскиот ден на молитвата за грижата за создаденото кој има и екуменска димензија затоа што го одбележуваат и православните и другите христијани им нуди на верниците „скапоцена можност за обнова, посебно прилепување кон сопственото звање за чувар на создаденото“ благодарејќи на Бог за неговите прекрасни созданија кои ги „довери на наша грижа“ – стои во пораката на Папата.

„Земјата вика“ е насловот на делови од пораката во која Светиот Отец наведува некои од последиците од „неодговорното и егоистично однесување“ кон создаденото. „Не можеме да бидеме рамнодушни кон загубата на биоразличноста и уништувањето на екосистемот – се вели во пораката додавајќи: „Планетата ќе продолжува да се загрева делумно заради човечките активности: 2015 била најтопла забележана година, а 2016 веројатно ќе биде уште потопла. Тоа предизивкува суши, поплави, пожари и сѐ потешки екстремни метеоролошки појави.“

Климатските промени придонесоа – пишува Светиот Отец – и за миграциската криза. „Сиромасите во светот кои се најмалку одговорни за климатските промени се најранливи и веќе ги поднесуваат нивните ефекти.“ „Кога ја злоупотребуваме природата ги злоупотребуваме и човечките битија“ – предупреди папата Фрањо. „Да се искористува земјата на кратковиден и егоистичен начин и премногу малку да се грижиш за неа е грев.“

„Во оваа Јубилејна година да научиме да го бараме Божјото милосрдие за гревовите против создаденото кои до сега не сме знаеле да ги препознаеме и исповедаме; да направиме конкретни чекори на патот кон еколошкото преобраќање кое бара јасна свест за нашата одговорност кон самите себе, ближниот, создаденото и Создателот“ – пишува Светиот Отец.

Затоа во порака предлага посебен испит на совеста. Папата го осуди „неуредното трошење повеќе од реалните потреби“ и „логиката на заработка по секоја цена.“ „Да се покаеме за злото кое го правиме на нашиот заеднички дом“ – поттикнува.

Папата во тој контекст ја истакнува важноста на светата Тајна Помирување и исповедилниците како „места на кои вистината нè ослободува преку средбата.“ Се исповедаме затоа што сме се покајале и сакаме да се промениме. Милоста од милосрдниот Бог која ја примаме во таа света Тајна ни помага тоа да го направиме.“ „Испитот на совеста, покајанието и исповедувањето на Отецот Кој е богат со милосрдие води до цврста одлука да се промениме“ – пишува папата Фрањо.

Тој наведува неколку конкретни постапки кои таа промена можат да ја покажат: разумно користење на пластиката и хартијата, нерасфрлање на водата, храната и електричната енергија, сортирање на отпадот, грижливо однесување кон другите живи битија, користење на јавниот превоз и делење на истото возило со повеќе луѓе и така натаму. „Не треба да мислиме дека тие настојувања се премногу мали за да го подобрат светот. Таквите дела“ – пишува Папата – често и на невидлив начин го шират и множат доброто и поттикнуваат на „пророчки и контемплативен стил на живот кој не е „опседнат со конзумирање.“ На поширок план, економијата и политиката, општеството и културата „треба итно да се преоринтираат кон општото добро кое вклучува одржливост и грижа за создаденото.“

Го наведе и т.н. „еколошки долг “Северот на светскиот Југ“. „Неговата отплата би барала грижа за околината на најсиромашните земји пружејќи им финансиски средства и техничка помош“, кои го олеснуваат контролирањето на последиците од климатските промени и „промовираат одржлив развој“ – пишува Папата.

„Промената на патот се состои во „скруполозно почитување на изворните заповеди создаденото да се сочува од секое зло, било за наше добро било за доброто на другите човечки битија“ – ги наведува Светиот Отец зборовите на екуменскиот патријарх Вартоломеј кој исто така е познат по еколошкото залагање.

„Милосрдието без дела е мртво во себе“ – го парафразира Папата свети Јаков напоменувајќи дека предмет на милосрдието е „човечкиот живот во неговата целост“ што вклучува „грижа за заедничкиот дом.“ Како духовно дело на милосрдието тоа значи „благодарно размислување за светот“ кое овозможува да го откриеме Божјиот план и поука. Како телесно дело на милосрдието грижата за заедничкиот дом бара „едноставни секојдневни гестови во кои ја прекинуваме логиката на насилството, експлоатацијата и егоизмот“ – пишува папата Фрањо.

На крајот за одбележувањето на Денот за грижа за создаденото ја предага оваа кратка молитва: „О, Боже на сиромашните, помогни ни да ги искупиме напуштените и заборавените на оваа земја кои се толку вредни во твоите очи. (…) О, Боже на љубовта покажи го нашето место во овој свет како средство на твојата приврзаност со сите битија на оваа земја. О, Боже на милосрдието дај да ја примиме твојата прошка и го нудиме твоето милосрдие по целиот наш заеднишки дом. Биди фален. Амин.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот