Петралинци: Крстен пат на отворено за Бого посветените лица и нови духовни звања

Во дворот на католичката црква Свети Кирил и Методиј во Петралинци на 3 април 2016 година, на Крстопоклона недела се одржа Крстен пат на отворено за Богопосветените лица и нови духовни звања. Крстниот пат го предводеше о. Ѓорѓи Појразов заедно со сестрите евхаристински с. Мартина Стојкова и с. Мелхиора.

На крајот од Крстниот пат сестра Мартина Стојкова сподели кратко размислување за побожноста „Крстен пат“, при што таа истакна дека секојдневно имаме крстови и товари, наше е да ги прифатиме, потсетувајќи се на крстниот пат на нашиот Господ Исус Христос до Голгота. На посебен начин во своето размислување сестрата Стојкова го истакна примерот на свети Максимилијан Колбе кој во концентрациониот логор во Аушвиц се жртвувал за таткото на едно петчлено семејство, при што светецот избрал да оди во смрт наместо таткото. На крајот повика на молитва.

Размислувањата беа преземени од Крстниот пат „Следи Ме“ на дон Томислав Иванчиќ со додадени молитви за Богопосветените лица и нови духовни звања. Преводот и обработката на Крстниот пат беше направена од веб порталот Католици.мк.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот