Гостивар: Летен Камп во организација на сестрите на Мајка Тереза
На 20 јуни 2016 година во Гостивар се одржа Летен едукативен детски камп во организација на сестрите на Мајка Тереза – Мисионерки на Љубовта.
Кампот започна на 20 јуни и во него учествуваа 40 деца од Гостивар на возраст од 4 до 13 години. Програмата беше пропратена со многу детски игри и песни како и разни работилници во кои децата активно учестуваа.Тема на овогодинешниот камп беше: Значењето на Евхаристијата.И овој пат Господ ја покажа својата радост преку сведочењето на едно од децата, кое дома почнало да му објаснува на својот татко за претврорбата на лебот и виното за време на Евхаристијата.
Додека децата беа анимирани, една од сестрите на Мајка Тереза им држеше веронаука на мајките, кои во средата на 22 Јуни имаа можност да се исповедат кај парохот дон Давор Топиќ. Тој заедно со сестра Ангелина престојуваше во кампот и во таа прилика им подари на децата Детска библија.
На крајот од дневната програма се читаа делови од Светото Писмо, при што децата ги глумеа улогите на Добриот Самаријанец, Изгубениот Син…
Кампот траеше до 25 јуни, а заврши со посета на Охрид. Најпрво децата со своите родители присуствуваа на света Литургија во црквата „Свети Бенедикт, Кирил и Методиј“ – Охрид, која ја предводеше о. Оливер Тантушев, а потоа го посетија Свети Наум.
к.мк/Даниела Брзова
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк