Воениот бискуп монс. Вукшиќ се сретна со г.г. Стефан
На 3 јуни 2016., воениот бискуп во БиХ монс. д-р Томо Вукшиќ заедно со Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов, се сретна со архиепископот на Македонската Православна Црква – ОА, г.г. Стефан во неговата резиденција во Скопје.
Во придружба на бискупот беа скопскиот парох и декан дон Давор Топиќ и соработникот на воениот ординаријат во БиХ дон Јосип Тадиќ.
Во пријатниот и пријателски разговор Неговото блаженство г.г. Стефан го запозна бискупот Вукшиќ со историјата и животот на Македонската Православна Црква, истакнувајќи ја благодарноста на Господ помеѓу останатото и за дарот на монашките звања во Македонија.
Бискупот Вукшиќ го запозна г.г. Стефан за животот и посланието на Воениот ординаријат во БиХ. Исто така зборуваа и на темата веронаука во училиштата и сеправославниот собор кој треба набрзо да се одржи.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
За авторот
Слични написи

Децата од Свети Иван Крстител – Струмица добија Благодарница за поддршка и соработка со лицата со посебни потреби
