Епископот Стојанов повика на молитва за мир во Украина

Епископот Стојанов повика на молитва за мир во Украина

Неговото Високопреосвештенство, монс. Киро Стојанов, во петок на 23 февруари 2024 година во капелата во седиштето на Македонски Каритас во Скопје, точно напладне (во 12 часот по средноевропско време) ќе ја предводи молитвата за мир во Украина, повикувајќи ги сите свештеници, монаси, монахињи, црковни движења и верниот Божји народ на Католичката црква во Македонија и сите луѓе со добра волја да се приклучат кон молитвата. Воедно поттикнува – во сите парохиски цркви во сабота на 24 февруари 2024 година, на денот на почетокот на војната, да се моли за мир.

Да го молиме драгиот Бог да престанат сите непријателски дејствија, војната која непрекинато нанесува страдања на напатениот украински народ трае веќе две години, од 24 февруари 2022 година.

Колку и во моментов мирот да изгледа далечен и неможен сепак Исус вели: „Неможното за луѓето е можно за Бога“ (Лука 18,27). Затоа епископот Стојанов повикува на масовна молита за МИР.

Категорија: Македонија

За авторот