Струмица: Креативна работилница за деца
Волонтерите од Парохискиот Каритас „Свети Иван Крстител“ – Струмица со децата од веронауката на 24 април 2016 годинаво парохиските простории организираа креативна работилница „За Велигден“, на која бојадисуваа и украсуваа велигденски јајца во повеќе техники. За време на престојните празници јајцата ќе бидат изложени во црквата Свети Иван Крстител – Струмица.
На работилницата беше разговарано за престојниот празник Воскресение Христово, за симболиката на велигденските јајца, како и за Христовата жртва на Крстот.
к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија:
Македонија