Еве зошто ја сакам својата жена
Те сакам затоа што ме направи татко. Затоа што си храбра. Заради сето она што заедно го сонуваме.
Не те сакам затоа што си најубава, туку затоа што ни го даруваш сето она убаво што го имаш за мене и на нашите деца.
Не те сакам затоа што имаш најубаво тело, туку затоа што на него се знаците на она што сме го живееле заедно.
Не те сакам затоа што имаш сини, зелени или кафеави очи, туку затоа што тие го гледат истиот хоризонтот кој го гледаат и моите.
Не те сакам затоа што дипломира, туку затоа што одлучи да го ризикуваш животот, ставајќи го сето она што го знаеш за служење на младите.
Не те сакам затоа што си во контакт со важни луѓе, туку заради начинот на кој постапуваш со бабите и дедовците во нашето семејство.
Не те сакам затоа што си најдобриот готвач на светот, туку затоа што знаеш да подготвиш живот на тивок оган.
Не те сакам затоа што имаме исто хоби и затоа што си совршена партнерка за авантура, туку затоа што ме научи дека понекогаш е доволно да сакаш да учествуваш во хобито на другиот.
Не те сакам затоа што си совршена сопруга на 20 век, туку затоа што се бориш да бидеш жена, мајка и сопруга во 21 век.
Не те сакам затоа што си најзабавниот човек на светот, туку затоа што повторно се заљубувам во тебе кога се смееш.
Не те сакам затоа што немам друг излез, туку затоа што избирам да те сакам секое утро.
Те сакам кога се будиш. Заради кафето направено во брзање без шеќер. Затоа што секогаш трчајќи излегуваш од дома. Заради оние твои сини кошули од пред сто години. Заради твојот покривач и заради тоа што после вечерата се фрлаш на каучот.
Те сакам заради твојата наклонетост. Затоа што ме научи дека една прегратка може да ја опфаќа целата вселена.
Те сакам затоа што ми се доверуваш. Затоа што сакаш да ме видиш среќен. Затоа што почитуваш тоа што сум и ми дозволуваш тоа да бидам.
Те сакам затоа што на првиот состанок ме однесе во еден бар. Заради начинот на кој се даруваш на моето семејство и заради љубовта со која ја прифаќаш мојата земја, мојата приказна, моето минато.
Те сакам затоа што со тебе го запознав Рим и затоа што со тебе се искачив на Ајфеловата кула.
Те сакам затоа што ме направи татко. Затоа што си храбра. Заради сето она што заедно го сонуваме. Те сакам заради белото цвеќе, отворената куќа и заради она што правиш простор за она непредвиденото.
Те сакам затоа што ги прифаќаш своите слабости и затоа што секогаш си ме прифаќала со моите. Те сакам заради тоа внимателно уво, чист поглед, заради твоето слатко срце.
Те сакам затоа што ја сфаќаш суштината на Бог која е нежност и затоа што си Негово сведоштво едноставно таква каква што си.
Битно.нет/к.мк
Фото: www.stocksnap.io