Почесниот папа Бенедикт XVI ќе присуствува на отворањето на Светите врати
Почесниот папа Бенедикт XVI го прифати повикот на папа Фрањо да присуствува на отворањето на Светите врати на Ватиканската базилика. Поради тоа, почесниот папа ќе биде присутен кога на 8 декември, на празникот Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица, во предворјето на базиликата свети Петар ќе започне Јубилејот на милосрдието.
Последните неколку седмици, Светиот Отец Фрањо повеќе пати го цитираше почесниот папа на темата односот меѓу милосрдието и вистината. На почетокот на Синодата за семејство потсети дека „Црквата е повикана да го живее своето послание во вистина и да не се менува според преодни моди или преовладуваните мислења. Вистината го штити човекот и човештвото од напастите на автореференцијалностите и од преобратување на плодната љубов во стерилен егоизам, верното заедништво во привремена врска“. Тогаш ја наведе мислата на папа Бенедикт XVI од Caritas in veritate: „Без вистина, љубовта паѓа во сентиментализам. Љубовта станува празна школка која може произволно да се исполни. Тоа е фатален ризик за љубовта во културата без вистината“.
Притоа, на крајот на Синодата повторно ги наведе зборовите на почесниот папа: „Милосрдието е, всушност, централно јадро на евангелската порака, таа е само Божјо име… Сé што Црквата говори и прави, тоа го манифестира милосрдието кое Бог го има кон човекот. Кога Црквата мора да ја истакне непрепознаената вистина, тоа секогаш го прави за да поттикне милосрдна љубов за да луѓето имаат живот во изобилство“.
Навестувајќи ја Светата година на милосрдието во март, папа Фрањо рече: „Драги браќа и сестри, често сум размислувал за тоа како Црквата може сé уште да го манифестира своето послание за да биде сведок на милосрдието. Тоа е пат кој започнува со духовно обраќање. Поради тоа одлучив да го навестам Вонредниот Јубилеј во чиј центар ќе биде Божјето милосрдие“.
РВ/Б.Р.