Папата Лав XIV оствари телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста. Разговорот бил посветен на состојбата на Блискиот Исток, со посебен акцент на Западниот Брег и положбата на христијаните во јужен Либан. Тие се осврнале и на неодамнешното апостолско патување на Папата во Африка.
Во среда попладне, 29 април 2026 година, папата Лав XIV оствари телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Во соопштението се наведува дека за време на срдечниот разговор Папата и претседателот на Европскиот совет разговарале за состојбата на Блискиот Исток, со посебен акцент на Западниот Брег, во Државата Палестина, и за положбата на христијаните во јужен Либан.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол додава дека Светиот Отец споделил размислувања за своето неодамнешно апостолско патување во Африка, од 13 до 23 април, посетувајќи ги Алжир, Камерун, Ангола и Екваторска Гвинеја.
Во соопштението се наведува дека Папата „ја нагласил важноста на меѓурелигискиот дијалог, промовирањето на мирот и поддршката за најзагрозените заедници на континентот“.
Ватикан њуз/к.мк

