Папата: Каде што нема дружељубивост има егоизам

Каде што нема дружељубивост има егоизам и секој мисли на себе – предупреди Светиот Отец во катехезата на Генералната аудиенција на 11 ноември во Ватикан.

Каде што нема дружељубивост има егоизам и секој си мисли на себе – предупреди Светиот Отец во катехезата на Генералната аудиенција на 11 ноември во Ватикан. Папата зборуваше за дружељубивоста како доблест која е запоставена ако не и исчезната, а која толку е потребна како на семејствата така и на Црквата и на општеството. На самиот почеток на аудиенцијата Папата повика да се измоли едно Радувај се Маријо за Националната средба на Италјанската црква на која се собрани кардинали, епископи, луѓе со посветен живот и лаици.

Дружељубивоста е карактеристична за квалитетот на семејниот живот. Ја запознаваме уште во првите години од животот. Таа е способноста за меѓусебно делење на животните добра и ве прави среќни што сте можеле тоа да го направите. Да споделуваш и да знаеш меѓусебно да поделиш е скапоцена доблест! Нејзиниот симбол, нејзината „слика“ е семејството собрано околу заедничката маса. Освен самата распределба на оброците и храната, дружељубивост се чувствата, разговорите, настаните – тоа е основното искуство. Кога се слави роденден или годишнина се собираме околу масата – рече Папата.

Гостољубивоста е сигурен показател за здрави односи: ако во семејството има нешто што не штима; или некоја сокриена рана, на масата тоа брзо станува јасно. Семејство кое речиси никогаш не јаде заедно или кое на масата на разговра туку се гледа телевизија или се зјапа во мобилен, таквото семејство е „мало“ семејство. Кога децата на масата се наврзани на компјутерот, мобилниот и не се слушаат меѓусебно, тогаш тоа не е семејство, туку пензионерски дом – смета папата Фрањо.

Христијанството има посебен повик за дружење и дружељубивост. Господ Исус со задоволство поучувал на маса и понекогаш царството Божјо го претставувал како свечена гозба. Исус ја избрал трпезаријата да им го остави на учениците својот духовен завет – правејќи го тоа на вечерата – згуснат во спомен – чинот на својата жртва: дарот на своето Тело и Крв како Храна и Питие за спасение кој негува вистинска и трајна љубов – рече Папата.

Во таа смисла можеме да кажеме дека семејството некако е „домашно“ на Литургијата бидејќи на Евхаристијата го донесува своето искуство на дружељубивост и ја отвора милоста за општа дружељубивост на Божјата љубов за светот. Учествувајќи на Евхаристијата семејството се чисти од искушението да се затвори во себе самото; утврдено во љубовта и верноста и ги шири границите на своето братство преку желбата на Христовото Срце.

Во нашето време обележано со бројни „затворености“ и премногу „ѕидови“ дружељубивоста – создадена од семејството, а раширена преку Евхаристијата – станува главна можност за Евхаристијата и семејството кое со Неа се храни да можат да ја победат затвореноста и да изградат мостови за прифаќање и љубов. Да, Евхаристијата, Црквата, семејството се способни заедници да го вратат квасецот на активната дружељубивост и взаемното гостопримство, училиште на човечката вклученост кое не се плаши од соочување! Не постојат тие мали сираци, слаби, беспомошни, ранети и разочарани, безнадежни и напуштени кои што евхаристиската дружељубивост на семејството не би можела да ги нахрани, освежи заштити и нагости – рече Светиот Отец.

Потсетувањето на семејните крепости ни помага да разбереме. И самите знаеме кои чуда можат да се случат кога некоја мајка има очи и внимание, нега и грижа за туѓи деца како за свои сопствени. Знаеме колку сила стекнува народот чиј татковци се подготвени да заштитат ничие дете, бидејќи децата се сметаат за неразделиво добро и кои се среќни и горди ако можат да ги заштитат.

Денес многу општествени контексти претставуваат пречка за семејната дружељубивост. Секако не е лесно… Должни сме да пронајдеме начин да се обнови и тоа прилагодувајќи ја на времето. На масата се зборува и слуша – без онаа тишина – тишина која не е онаа монашката – туку егоистична тишина каде што секој работи за себе и не се разговара – истакна папата Фрањо.

Во богатите земји навикнавме прекумерно да се троши на прехраната, а потоа трошиме за симнување на вишокот килограми, што го одвраќа нашето внимание од вистинската глад на телото и душата на многумина. Каде што нема дружељубивост има егоизам и секој мисли на себе, додека премногу браќа и сестри не се на масата – што е малку срамно! – додаде Светиот Отец.

Го гледаме таинството на евхаристиската гозба. Господ го прекршува своето Тело и ја пролева својата Крв за сите. Навистина не постои поделба која ќе одолее на оваа Жртва на заедништво. Единствено неискреноста и учеството во злото може да нè исклучи од него.

Ниту една друга оделеност не може да одолее на силата на овој прекршен леб и пролиено вино, светата Тајна на Телото Господово. Живиот и животниот сојуз на христијанските семејства кои – во динамиката на својата гостољубивост – претходи, поддржува и ги прифаќа секојдневните тешкотии и радости, соработува со милоста на Евхаристијата која е во состојба со својата сила – која вклучува и спасува – да создаде секогаш ново заедништво.

Христијанското семејство токму така ќе ја покаже величината на својот вистински хоризонт, кој е хоризонтот на Црквата Мајка на сите луѓе сите напуштени и маргинализирани во секој народ. Да молиме таа семејна дружељубивост да расте и созрева во милосното време, времето на претстојниот Јубилеј на милосрдието.

Папата на крајот поздравувајќи ги ходочасниците потсети дека денес го славиме свети Мартин од Тур многу позната личност во Европа кој е и пример за заедништво со сиромашните. Во Годината на милосрдието која е пред нас има и една среќна коинциденција – рече Папата – се навршуваат 17 века од раѓањето на овој светец.

Драги млади нека Господ ви помогне да бидете промотори на милосрдието и помирувањето; вас драги болни нека ве поддржи и да не ја изгубите довербата – па ниту во моменти на тешките искушенија – а на вас драги младенци нека ви даде милост во Евангелието да ја пронајдете радоста на прифаќањето на секој човечки живот посебно оној слабиот и незаштитениот – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот