Папата Фрањо: Економијата во служба на човекот и општото добро
Човекот секогаш треба да биде во центарот на економијата. Овој повик го упати папата Фрањо до членовите на Унијата на христијанските претприемачи кои во сабота 31 октомври 2015 година ги прими во аудиенција во Ватикан.
Папата ги повика претприемачите и менаџерите да помогнат со своите активности за хармонизација помеѓу работата и семејство. Економските претпријатија и фирми можат да се претворат во место за осветување, преку личните напори за изградба на братски односи помеѓу претприемачите, раководителите и работниците во името на заедничкиот интерес, истакна папата Фрањо. Особено важно е да се обрне внимание на квалитетот на животот на вработените кои се највредниот ресурс во една економска активност.
Не е доволно да се обезбеди помош или некоја форма на подобрување:, туку е потребна и економската активност да биде ориентирана во служба на човекот и општото добро, истакна Папата. Во таква атмосфера, претприемачите и економските лидери се повикани да придонесат за зголемување на солидарноста, за да се задоволат пазарот и етичките предизвици, а на прво место, создавањето на можностите за вработување.
За правилно функционирање помеѓу економија и претприемачките активности е потребна етика, која ја става во центарот човековата личност и општеството, рече Папата и го обнови повикот до католичките претприемачи за постигнување на таа цел. На тој начин, Евангелието ќе биде живо и присутно во вашите срца и активности, додаде Фрањо.
РВ/В.Н.