Генерално собрание на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог

Под мотото „Членови на различните верски традиции во цивилното општество“, во Ватикан се одржува Генерално собрание на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог. На прашање од Радио Ватикан за најголемите предизвици за религијата во модерното општество, кардиналот Жан-Луис Тоуран, претседател на Папскиот совет, одговори како се стекнува впечаток дека религијата е проблем во Европа.

Религиите се богатства. Ако верниците се сложни, тогаш се квасец за општеството, – а како што реков во воводното излагање – често овозможуваат простор за соочување, од што корист има целото општество: учат дека треба да се почитува човечката личност, нејзините фундаментални права, да се чува создаденото и да се промовира екологијата. Освен тоа, придонесуваат за зацврстување на општествените врски. Со право значи може да се потврди дека се фактор за човечкиот развој – забележи кардиналот Тоуран.

Осврнувајќи се пак на работата на Папскиот совет во последните пет години, рече дека врската со стварноста е воспоставена. Многу патував, се среќавав со лица во нивната стварност, а лично сум изненаден од посетата на Пакистан, каде живее прекрасна христијанска заедница; верниците одат на света Литургија, а воопшто не знаат дали ќе се вратат дома… Убеден сум, тие се пример за целата Црква – истакна претседателот на Папскиот совет.

На прашањето за животот на христијаните во Ирак, рече дека неодамна со муслиманите формирале комитет за меѓурелигиски дијалог во Ирак. Мислам дека христијаните беа многу храбри, особено патријархот бидејќи е свесен за христијанскиот повик на Блискиот Исток: да се сведочи во земјата каде Бог се објави, бидејќи тие места не се за нас само споменици, туку во нив живеат човечки заедници, со своите богатства, наследство, народни обичаи и занимања, кои по секоја цена треба да се сочуваат – заклучи кардиналот Тоуран.

РВ / С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот