Света Моника – вистински пример на мајчинство
Света Моника е позната како мајка на свети Августин. Застапничка е на залутаните од верата, авантуристите, заштитница на мајките, семејствата и водовиците.
Родена е во Тагасти, во одлично христијанско семејство од кое наследила добро воспитание и љубов кон мудроста. Се омажила за Патрициј, добар и чувствителен човек, но темпераментен Африканец кој не ја поштедил од брачното неверство. Како христијанска настојувала да го придобие за својата вера.
Му сведочела повеќе со животот отколку со зборовите, трпеливо поднесувајќи ги неговите испади на лутина и неверство. Тој јазик на трпелива љубов и мудрост во носењето на крстот не можело да не делува на нејзиниот маж, па тој се јавил за катекуменат, а на смртната постела ја примил бањата на повторното раѓање станувајќи преку крштението христијанин. Тоа било прво големо животно дело на таа голема жена во кои верно соработувала со Божјата милост и вдахновенија.
Во животот на ова светица според нејзиното сопствено сведочење се спомнува и случката од детството и младоста. Имено, Моника знаела кога нејзините родители слегнувале во подрумот по вино, и самата пиела многу чаши. Таа станала опасна навика, а кога домашната слугинка во една препирка ја нарекла пијаница, тој збор толку ја погодил што повеќе не посегнала за вино.
На своите 22 години на 13 ноември 354 година Моника го родила Августин, син првенец. Тоа било нејзиното прво раѓање на Августин. И било потешко да го роди како возрасен човек кога тргнал по погрешен пат. Светата мајка полни 16 години била постојана во молитвите, солзите и трпењата за својот син додека не дошол до преобраќање и крштение.
Освен него, родила уште еден син по име Навигиј и една ќерка на која не и го знаеме името, но познато е дека се омажила, станала вдовица, а потоа сѐ до смртта била поглаварка на еден манастир во Хипон, каде што Августин бил епископ.
Кога Моника имала 40 години и умрел мажот, а после тоа започнал макотрпниот пат на молитва за преобраќање на Августин. Тогаш започнуваат 16 најтешки години од нејзиниот живот, но и нејзиниот најславен животен период. Нејзините солзи и молитви не биле залудни. Тоа го насетувал и големиот милански надбискуп Амврозиј кој и кажал на Моника дека синот на толку солзи не може да пропадне. И навистина во историјата на Црквата Исповедта на Августин веројатно е најпотресна книга. А во IX глава на тоа дело на Августин кој носи наслов „Исповеди“ се наоѓа еден од најубавите описи на мајката во литературата.
Моника го следела Августин на неговиот пат во Рим и во Милано. Тоа било 385 година кога Августин со брод дошол во Рим. Мајка му одела по него со друг брод, доживевајќи на морето страшна бура. Дошла во Рим, но таму не го нашла. Го стигнала во Милано и го наоаѓа ослободен од манихејските заблуди, но уште неодлучен за христијанската вера. Останала со него сѐ до преобраќањето. Со него се повлекла најпрво на еден мал имот. После тоа се вратиле во Милано, каде што Августин се подготвувал за крштение. Таа света Тајна ја примил на 24 април 387 година.
Мајчинските желби се исполнети и тргнала на пат за Африка, но на бродот се разболела. Умрела во Остија, чекајќи го бродот за понатамошниот пат.
Света Моника ја славиме како жена со изворедни природни и натприродни крепости. Се појавува со голема сила на духот, остроумност и софистицирано сочувствување. А од натприродните крепости: непоколеблива доверба, постојана молитва, разбирање на Светото Писмо, почитување на црковниот авторитет. Нејзините моштии многу се чествуваат во црквата Свети Августин во Рим, а народната побожност ја слави како пример и заштитничка на христијанските мајки.
Битно.нет/к.мк/Д.И.