Мајка Тереза: Не е важно…
Човекот е неразбран, нелогичен и себичен. Не е важно, сакај го!
Ако правиш добро, тоа ќе го припишат на твоите себични цели. Не е важно, прави добро!
Ако ги оствариш своите цели, ќе наидеш на неискрени пријатели и искрени непријатели. Не е важно, остварувај ги своите цели!
Доброто што го правиш утре ќе биде заборавено. Не е важно, прави добро!
Чесноста и искреноста ќе те направат ранлив. Не е важно, биди искрен и чесен!
Она што го создаваш со години во еден момент може да се урне. Не е важно, создавај!
Ако им помагаш на луѓето, можеш да поминеш лошо. Не е важно, помагај!
Ако му го даваш на светот најдоброто од себе, а тој ти возвраќа со удари. Не е важно, дај го најдоброто од себе!
Луѓето се неразумни, нелогични и свртени кон себеси. Сепак, сакај ги.
Кога правиш добро, ќе ти префрлат дека се водиш од егоистични мотиви и мисли. Сепак, прави добро.
Ако си успешен ќе се стекнеш со погрешни пријатели и вистински непријатели. Сепак, биди успешен.
Доброто што го правиш, ќе биде утре заборавено. Сепак, прави добро.
Искреноста и отвореноста те прават ранлив. Сепак, биди искрен и отворен.
Она што си го изградил со години може да биде уништено преку ноќ. Сепак, гради.
Твојата помош навистина е потребна, но луѓето можеби ќе те нападнат ако им помогнеш. Сепак, помагај им.
Дај му го на светот најдоброто од себе, а тој ќе ти ги скрши забите. Сепак, дај му го на светот најдоброто од себе.
Мајка Тереза
к.мк