Папата повторно повика за мир во Украина

После молитвата Ангел Господов во недела 23 август 2015 година, Светиот Отец упати апел за мир во Украина. „Со длабока загриженост го следам судирот во Источна Украина, кој во последните седмици повторно се заострува. Повторно од срце повикувам да се почитуваат напорите за да се постигне мир и со помош на организациите и луѓето со добра да се одговори на хуманитарната криза во земјата. Господ нека и даде мир на Украина, која утре го слави денот на независноста. Дева Марија нека нѐ застапува“ – рече папата Фрањо.

РВ/к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот