Папата: Грижата за болен во семејството е херојство
Папата Фрањо во катехезата во среда 10 јуни се осврна на искуството на болест во семејството, како заедничка несреќа која порано или подоцна го погодува секое семејство.
Болеста е знак на нашата кревкост во крилото на семејството ја доживеваме уште од детството, а на посебен начин во својата старост – рече Светиот Отец.
Болеста на нашите сакани луѓе, на оние на кои им сакаме добро на некој начин ја чувствуваме со повеќе трпење и вознемиреност заради љубовта која прави да го чувствуваме тоа повеќе. Многу пати за татко или за мајка она повеќе станува тешко да се поднесе кога станува збор за болеста на нивниот син или ќерка отколку кога станува збор за нивната сопствена. Можеме да кажеме дека семејството е најблиска болница. И денес сеуште во светот, болницата е привилегија за малкумина – и не ретко се наоѓа далеку – рече Папата. Мајка, татко, браќа, сестри и баби се тие која гарантираат грижата и ни помагаат да оздравиме.
Во Евангелието на многу страници се опишани Исусовите средби со болните и неговото заземање околу нивното исцелување. Тој јавно се претставува како оној кој се бори против болеста и кој дошол за да го излекува човекот од секакво зло – и духовно и телесно. И навистина трогателна е евангелската сцена од Евангелието по Марко: „А приквечер, кога заоѓаше сонцето, носеа при Него секакви болни и бесни.“ (Мк 1, 32) Книжниците го укорувале Исус затоа што го прекршувал саботниот одмор правејќи добро, но неговата љубов сакала да му се поврати здравјето на човекот; да му направи добро на ближниот – објасни Светиот Отец.
Каде е во големите и модерни градови – праша Папата – вратата пред која можеме да ги однесеме болните со надеж дека ќе бидат излекувани! Исус никогаш не се повлекол од тие луѓе; не отишол подалеку свртувајќи глава на другата страна. И кога таткото или мајката или пријатели ќе го доведеле кај Него за да го допре и оздрави не комплицирал, туку здравјето било поважно од прописите – па и кога станувало збор за саботниот одмор – објасни Папата (Мк 3, 1-6)
Исус ги испраќа своите ученици да го прават тоа истото, давајќи им моќ за оздравување, да им се приближат на болните и на нив до крај да се посветат (Мт 10, 1). Треба да го имаме на ум она што го кажа на учениците на настанот со слепородениот (Ив 9, 1-5). Учениците имајќи го пред себе слепиот почнале да се расправаат дали неговата слепост е последица на неговите гревови или пак гревовите на неговите родители – рече Папата.
Господ бил сосема јасен: ниту тој ниту неговите родители; таков е за да се покажат силните дела Божји – рече папата Фрањо потсетувајќи на Исусовите зборови. Го оздравел. Тоа е Божја слава; таа е задачата на Црквата! Да помага на болните, а не да се губи во расправии. Секогаш да помага, да утешува, да олеснува, да биде близу на болните – таа е нашата задача – рече Светиот Отец.
Црквата е повикана на молитва за своите драги кои ги погодило зло. Молитвата за болните никогаш не треба да отсуствува; и треба да се моли и лично и во заедницата. Папата потсети на евангелската сцена на Хананејката (Мт 15, 21-28); жена паганка која го молела Исус да и ја оздрави ќерката. За да ја искуши нејзината вера, првин одговара тврдо: не можам, испратен сум кај овците од домот Израилев. Жената сепак не се повлекува – потсети Папата – кога мајката бара помош за своето создание, никогаш не се повлекува! – И одговара: „И кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари! Тогаш Исус и одговори и рече: „О, жено голема е твојата вера; нека ти биде по желбата твоја.“ (ред 28)
Пред болеста и во семејството – заради човечките слабости – произлегуваат тешкотии. Сепак, општо зборувајќи времето на болеста ги зацврстува семејните врски. Мислам дека е важно да се воспитат децата од мали за солидарност во време на болест. Воспитание кое го сокрива чувствителноста за човечката болест, го стврднува срцето и децата ги „анестезира“ во однос на страдањата на другите правејќи ги неспособни за соочување со трпењето и за да го доживеат искуството на ограниченоста. Сите сме можеле понекогаш да се сретнеме со човек кои на лицето има знаци на умор, бидејќи бдееел на смени со другите членови на семејството со болниот член на семејството… – всушност тие работи се херојски и се херојство на семејството! Тој хероизам за време на болеста на некој член на семејството се врши нежно и со љубов – истакна Папата.
Слабоста и трпењето на нашите најдраги и светите чувства можат да бидат за нашите деца и внуци училиште на животот, а такви стануваат кога во моментите на страдање пропратени со молитва и внимателоста на најблиското семејство. Христијанската заедница добро знае дека семејството во искушението на болеста не треба да се остави само. Да му се заблагодариме на Господ за ова прекрасно искуство на братско црковно заедништво кое на семејствата им помага да ги пребродат тешките моменти на болка и страдање.
Таа христијанска близина на некое семејство е вистинско богатство за парохијата; богатство на мудроста кое е во тешки моменти, помага на семејствата и Божјото царство да изглед посфатливо од многу говори и предавања – заврши на крајот Светиот Отец.
По разменетите поздрави на различните светски јазици, Папата ги поздрави различните поклонички групи од Италија и странство, посебно христијанските бегалци од Гана и Нигерија. Како и обично не ги заборави болните и младите, ниту нововенчатите парови. На сaмиот крај Светиот Отец потсети на престојниот празникот на Безгрешното Срце Мариино.
РВ/Д.И.