Папата ја осуди идеолошката колонизација на семејството

Од Наполи папата Фрањо уште еднаш ги осуди „културата на отфрлањето и родовата теорија која е грешка на човечкиот разум и создава само конфузија“.

Последната средба на папата Фрањо во Наполи беше со младите, која стана празник на верата и радоста во позадината на убавото наполско крајбрежје. На средбата учествуваа повеќе од 100 илјади луѓе.

Пред илјадниците млади папата Фрањо посочи дека „општество кое ги остава без работа младите луѓе е општество без иднина“.

Од своја страна една постара жена на 95 години, го сподели стравот од осаменоста и загриженоста за да не влезе во дом за стари лица, по смртта на својот сопруг, но која веќе не се чувствува сама, затоа што има добиено помош и пријателство од една асоцијација.

„Сакањето – рече Папата – е најголемиот лек за нас возрасните. Тоа е сведоштвото што го давате Вие со вашите пријатели – кои се добри … “

Папата Фрањо ја осуди идеолошката колонизација на родовата теорија околу која, рече тој, „има многу конфузија“. Папата упати и совет до бројните семејства, кои беа дојдени на средбата:

„Карајте се колку што сакате. Но никогаш да не ви заврши денот, без да се помирите. Бидете двајца: во брак не важи „јас“, туку „ние“. Точно е и тоа што се вели за бракот: радоста на двајца е три пати радост; тагата и болката на двајца е половина мака, половина болка“.

Пред средбата со младите и семејствата, Папата ја посети базиликата посветена на Новиот Исус, каде што се сретна со околу 800 болни, на кои им рече: „На вас, болните, ви велам дека ако не можете да го сфатите Господ, ќе го замолам Бог да ве натера со срцата да сфатите дека сте телото Христово, дека сте распнатиот Христос меѓу нас, дека сте браќа, многу блиску до Христос“. Папата ја изрази и својата искрена благодарност до лекарите и волонтерите и застана за кратка молитва на гробот на Џузепе Москати, лекарот, прогласен за светец од Иван Павле II.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот