Кардинал Паролин испрати телеграма до надбискупот на Тунис
Кардинал Паролин во име на Светиот Отец испрати телеграма со сочувство по повод терористичкиот атентат во Тунис
По повод терористичкиот атентат на музеј во Тунис, кардинал Питеро Паролин, Папски државен секретар, во име на Светиот Отец, испрати телеграма со сочувство до архиепископот на Тунис, Иларио Антонациј.
Информиран за тешкиот терористички атентат во кој многумина загинаа и се ранети, Светиот Отец обновувајќи ја одлучната осуда за секој чин вперен против мирот и светоста на човечкиот живот, во молитвата се придружува во страдањата на ужалените семејствата, како и сите луѓе, кои се погодени од оваа драма, како и со целото население во Тунис.
Тој го моли Господ во својот мир да ги прими загинатите лица и да им даде сила на тешко ранетите. Светиот Отец моли Бог на сите да им испрати изобилство од својот балгослов – стои во телеграмата.
РВ/го*ко