Католичкиот универзитет треба да биде свртен кон Бог
Универзитетот треба да биде „свртен кон Бог, кон Исус“ и од Него да ја прима „својата сила, своите идеи, своите поучувања“ – е суштината на видео пораката на Папата по повод свеченото отворање на катедралата на Арегентинскиот католички универзитет.
Универзитетот треба да биде „свртен кон Бог, кон Исус“ и од Него да ја прима „својата сила, своите идеи, своите поучувања“ – е суштината на видео пораката на Папата по повод свеченото отворање на катедралата на Арегентинскиот католички универзитет. Посветена на Срце Исусово, црквата е свечено отворена со света Литургија, која ја славеше кардинал Марио Поли, надбискуп на Буенос Аирес и голем канцелар на универзитетот.
Во видео пораката Светиот Отец потсетува дека новата црква „не е храм одвоен од универзитетот“, туку е неговото „срце и центар“ и изразува надеж дека секогаш ќе биде исполнета со верници.
Според известувањето од Аргентинскиот католички универзитет „новата црква е одговор на повикот на папата Фрањо за посилна духовност и за средба со Исус Христос и во академската средина“. „Не може да се зборува за духовен живот на универзитетот како за второстепена активност“ бидејќи „духот е неделив, важен, основен“ – истакна ректорот на Аргенскиот католички универзитет монсињор Виктор Фернандез.
Во црквата – која треба да биде како „универзитетско светилиште“ – ќе се служат пет свети Литургии дневно и ќе се одржува едночасовно евхаристиско обожавање отворено за сите студенти, предавачи и вработени.
РВ/Д.И.