Папата: Молам да се прекине прогонот на христијаните

Го молам Господ Кој е извор на секое добро за дарот на мирот и слогата (за Пакистан) и прогонството на христијаните кој светот настојува да го сокрие да заврши и да завладее мир – рече Светиот Отец по молитвата Ангел Господ.

Го молам Господ Кој е извор на секое добро за дарот на мирот и слогата (за Пакистан) и прогонот на христијаните кој светот настојува да го сокрие да заврши и да завладее мир – рече Светиот Отец по молитвата Ангел Господ на 15 март. Рече дека „со голема болка“ дознал за денешните терористички напади на две цркви во Лахоре во Пакистан и истакна дека христијаните се прогонуваат и дека нивната крв се пролева единствено заради нивната вера и упати молитва за прекин на насилството и мир во Пакистан.

Во пладневниот говор Папата зборуваше за Божјата љубов кон човекот. „Еве наједноставно резиме на целото Евангелие, на целата вера и целата теологија: Бог нè сака бесплатно и со бескрајна љубов“ – истакна Светиот Отец. Папата понатаму потсети на зборовите на IV евхаристиска молитва: „Ти сè си создал за богатите да ги опсипеш своите созданија, а многу да израдуваш со сјајот на Својата светлина,“ како и на зборовите на свети Иринеј од Делата Adversus haereses: „Бог не го создал Адам, бидејќи имал потреба за човек, туку за да има некому да му ги дарува своите благодатти.“

Бог во историјата на спасението не го избрал својот народ заради неговите заслуги, туку затоа што бил најмал меѓу сите народи. А во полнината на времето – верен и покрај постојаните прекршувања на заветот – Бог ја воспоставил во  Исусовата крв врската на новиот и вечниот сојуз, кој никогаш не може да се откаже – објасни Светиот Отец.

„Ако Бог во создавањето ни даде доказ за својата неизмерна љубов така што ни даде живот, во маката и смртта на Својот Син ни го даде доказот над доказите: дојде за да трпи и да умре за нас. Толку е големо Божјото милосрдие… Бог простува сè и простува секогаш“ – рече Папата.

По молитвата Ангел Господов и поздравите до поклониците, Светиот Отец изрази близина со населението во Вануату, островска земја на Тихиот Океан источно од Австралија кој овие деновија ја погоди силен тропски циклон. „Молам за починатите, за ранетите и оние кои останале без дом. Им благодарам на оние кои веднаш започнаа да им даваат помош – нагласи Папата.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк.
Категорија: Ватикан

За авторот