Папата Фрањо: Кардиналот е човек на љубов и надеж

Папата Фрањо во сабота 14 февруари во базиликата Свети Петар именува нови 20 кардинали, на кои им порача дека хвалоспевот на љубовта од Првото Послание на свети Павле до Коринтјаните треба да им биде водач за за нивната служба.

На почетокот на претпладневиот Конзисториум на 14 февруари во базиликата Свети Петар во текот на која ги вброи во Кардиналскиот колегиум дваесетте нови кардинали, папата Фрањо најпрво го поздрави почесниот папа Бенедикт XVI, а потоа се обрати на присутните кардинали.

Драги браќа кардинали, кардиналското достоинство не е одликување. Тоа го кажува и самиот збор „кардинал“ која потсетува на латинскиот збор cardo односно стожер, носач, поддршка; кардиналското достоинство не е нешто на маргините, украсно, некој медал, туку ‘рбетот, важно упориште за животот на заедницата.  Вие сте „столбови“ и запишани сте во Римската Црква и претседава во општата заедница на љубовта (LG, 13) – истакна папата Фрањо.

Секое „претседавање“ во Црквата протекува од љубовта: со љубов треба да се извршува, а љубовта му е целта. Во тоа Римската Црква е примерна: како што таа претседава во љубовта така и партикуларната Црква е повикана, во својата средина  да претседава во љубовта – рече Папата, додавајќи:

Затоа мислам дека „хвалоспевот на љубовта“ од Првото Послание на свети Павле до Коринтјаните може да биде водач за ова славење и за вашата служба, особено за оние кои денес се вброени во Кардиналскиот Колегиум. Затоа нека нè водат зборовите на свети Павле, особено оние кои зборуваат за својствата на љубовта – рече Папата додавајќи:

Овој пат нека ни помогне нашата Мајка Марија. Таа го родила Оној кој е „подобар пат“ (1 Кор 12,31): Исус, овоплотената Љубов; нека таа ни помогне да го прифатиме Словото и секогаш да одиме на тој Пат. Нека ни помогне со своите нежни и понизни постапки, бидејќи љубовта – дарот Божји – таму расте каде што се понизноста и нежноста – молеше Папата, а потоа го искоментира хвалоспевот на љубовта.

Свети Павле вели дека љубовта е „долготрпелива“ и „полна со добрина“. Колку што е во Црквата поголема одговорноста, срцето треба повеќе да се шири по примерот на Срцето Христово. Великодушноста во некоја смисла е синоним на католицитетот, а тоа значи љубов без граница, иако истовремено со конктерни дела треба да ја потврдуваш верноста во посебните ситуации. Добрината е цврста и постојана одлука дека сите ќе ги љубиме, дури и оние кои нас нè не сакаат – објасни папата Фрањо.

Апостолот понатаму вели дека љубовта не завидува, не се превознесува, не се гордее. Ова навистина е чудо на љубовта, бидејќи како човечки битија склони сме на завист и горделивост, а од кое што не се исклучени ниту црковните достоинственици. Заради тоа драги браќа со снижувањето во нас може да се покаже силата на божествената љубов, која го преобразува срцето така што во нас живее Христос; Исус е полнина на љубовта – рече Папата.

Свети Павле исто така вели дека љубовта не е непристојна, не бара свое. Овие две карактеристики потврдуваат дека оној кој живее во љубовта не гледа на себе. Кој мисли само на себе не го почитува другиот за што можеби и не е свесен, бидејќи почитувањето е способност да се води сметка за друг човек. Кој е концентриран на себе го гледа својот интерес. Тој интерес може да биде облечен во благородна облека, но на крајот секогаш е сопствениот интерес. Љубовта ослободува од себичноста, ја става личност во самиот центар, кој е Христос, дури тогаш човекот може вистински да почитува и да биде внимателен кон другите – рече Папата. Љубовта – како што вели свети Павле – не се срди, сè заборава. Пастирот кој живее со народот нема недостиг од можности за лутина. А можеби како браќа уште повеќе се лутиме едни на други, што никако не може да се оправда. Само љубовта може да нè ослободи од лутината, гневот и злобата кои не прилегаат за човек на Црквата. Омразата не може да се оправдува. Од неа Бог нека нè чува и ослободи – рече Папата.

Љубовта на неправдата не се радува, а на вистина се радува вели свети Павле. Црковниот управител треба да има чувство за праведност, а на неправдите не им е местото во Црквата. Љубовта истовремено се радува на вистината. Божјиот човек пленува со вистината која ја наоѓа во Словото и Телото Христово. Он е неисцрплив извор на нашата радост. Папата посака Божјиот народ во црковните достоинственици да може секогаш да гледа одлучна осуда на неправдата и радосно служење на вистината.

Зборувајќи пак дека љубовта сè извинува, во сè верува, на сè се надева, сè претрпува, Светиот Отец рече дека таа реченица е содржана во програмата на духовниот и пасторалниот живот. Љубовта Христова, која Светиот Дух ја излеа во нашите срца, овозможува да бидеме луѓе кои секогаш простуваат, кои секогаш влеваат доверба, бидејќи цврсто веруваат во Бог кои секогаш влева надеж и цврсто се надеваат на Бог кои секогаш знааат трпеливо да ги поднесуваат браќата и сестрите во единство во Исус Кој од љубовта кон нас го понесе товарот на сите наши гревови – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Uncategorized

За авторот