На 18 декември 2024 година, папата Фрањо го започна циклусот катехези што ќе се одржуваат во текот на целата Јубилејна година и ја најави темата, која гласи: „Исус Христос, наша надеж“. Објасни дека во првиот дел ќе се обработува детството на Исус, за кое ни раскажуваат евангелистите Матеј и Лука.
Евангелијата за детството раскажуваат за девственото зачнување на Исус и неговото раѓање од утробата на Марија; потсетуваат на месијанските пророштва кои се остваруваат во Него и зборуваат за законското татковство на Јосиф, кој го „накалемува“ Божјиот Син во „стеблото“ на лозата Давидова. Светиот Отец, меѓу другото, истакна дека разликата меѓу двајцата евангелисти е во тоа што Лука ги раскажува настаните како што ги гледа Марија, додека Матеј тоа го прави преку очите на татковството на Јосиф, кое е без преседан.
Толкувајќи го родословот на Исус Христос од првото поглавје на Евангелието според Матеј, Папата рече дека тоа е список на имиња присутни во библиските списи. Сакаат да ја изразат вистината на историјата и вистината на човечкиот живот. Има некои имиња што во најмала рака се проблематични – рече тој – и се потенцира гревот на царот Давид. Но, сè има свое завршеток во Марија и Христос. Овде вистината за човечкиот живот преминува од една генерација на друга, пренесувајќи три работи: име што содржи единствен идентитет и послание, припадност на едно семејство и еден народ и на крајот прилепувајќи се со вера до Богот на Израел.
Папата толкуваше дека родословот, како соодветен литературен жанр, пренесува многу важна порака дека никој не си дава живот, туку го добива како дар од другите, во овој случај станува збор за избраниот народ и оној кој го наследува пологот на верата од татковците, во пренесувањето на животот на децата и ги учи на вера во Бога. Но, списокот на Матеј, за разлика од родословот во Стариот Завет, каде што се појавуваат само машки имиња, вклучува жени меѓу предците на Исус, пет од нив: вдовицата Тамара која се преправала дека е блудница за да му обезбеди потомство на својот сопруг, блудницата Раав од Ерихон која им овозможува на шпиони да влезат во ветената земја и да ја освојат, потоа Рут, која и останува верна на својата свекрва и Витсавеа, со која Давид врши прељуба и на крајот Марија од Назарет, жената на Јосиф, која го родил Месијата – Исус:
Првите четири жени не ги поврзува фактот што се грешници, како што понекогаш се вели, туку фактот дека се странци во израелскиот народ. Она што Матеј го изнесува на виделина е дека, како што напиша Бенедикт XVI, „преку нив… нееврејскиот свет влегува во родословот на Исус, неговото послание кон Евреите и поганите станува видливо“.
Папата Фрањо продолжи: Додека четирите претходни жени се спомнуваат покрај мажот кој или го родиле или им е татко, Марија добива посебно значење: таа означува нов почеток и самата е нов почеток, бидејќи во својата историја таа повеќе не е човечко суштество како протагонист на раѓање, туку тоа е самиот Бог. Тоа јасно се гледа од глаголот „се роди“, рече тој и го цитираше Матеј: „Јаков го роди Јосиф, мажот на Марија, од која се роди Исус, кој се нарекува Христос“, рече меѓу другото Папата и своето обраќање го заврши со зборовите:
Синот Божји, посветен на Отецот со послание да го открие своето лице (сп. Ив. 1, 18; Ив. 14, 9), влегува во светот како и сите човечки деца, така што во Назарет ќе биде наречен „син на Јосиф“ или „син на дрводелецот“ вистински Бог и вистински човек. Браќа и сестри да разбудиме во себе благодарни сеќавања за нашите предци. И пред сѐ, да Му благодариме на Бога што преку Мајката Црква ни го роди вечниот живот, Исусовиот живот, нашата надеж.
Во делот за поздравите до насобраните верници и ходочесници, Папата секогаш на крајот ги поздравува италијанските верници и утрово – да го издвоиме тоа – најавувајќи дека е близу Божиќ, призна дека сака да мисли дека во куќите на верниците се поставени со витлеемските пештери. Овој важен елемент од нашата духовност и култура е сугестивен начин да се потсетиме како Исус „се всели меѓу нас“, рече тој, и ги упати своите последни зборови уште еднаш до сите оние во светот, кои страдаат во војни и поради војни – Палестина, Израел, Украина, Мјанмар.
Да не заборавиме да молиме за мир за да престанат војните. Да го молиме Кнезот на мирот, нашиот Господ, да ни ја даде благодатта на мирот, мирот во светот. Да не заборавиме, војната е секогаш пораз, секогаш, војната е секогаш пораз.
Ватикан њуз/к.мк