Папата Фрањо се врати во Рим во недела, 30 април 2023 година, по тридневното Апостолско патување во Унгарија. Авионот со Папата, неговата придружба и новинарите слета на меѓународниот аеродром Фиумичино во Рим во 19.25 часот.
Во текот на тродневната посета на Унгарија, Светиот Отец се сретна со претставници на владата, граѓанското општество и дипломатскиот кор, со епископи, свештеници, ѓакони, луѓе со посветен живот, семинаристи и пасторални работници, со деца во заводот „Блажент Ладислав Батјани – Стратман, со сиромашните и бегалците, со источните католици, со православниот митрополит Иларион, со младите, со Исусовците, со претставниците на академската заедница и светот на културата и служеше света Литургија со народот, а заврши со молитвата Царице небесна.
Тоа беше 41. Апостолско патување на Папата. На крајот на јули треба да патува за Марсеј по повод Средбата на медитеранските бискупи, потоа во Монголија, а на почетокот на август во Лисабон на Светскиот ден на млади..
Ватикан њуз/к.мк