Размислување според Евангелието по Матеј 14,14-22, наменето за Осма недела по Педесетница
Настанот со умножувањето на лебовите е опишан во Евангелието по Матеј (14, 14-22).
Христос нѐ потсетува за важноста на нашето единство во неволја. Впрочем, во време на тешкотии можеме да покажеме себичност и секој може да мисли само за себе. Ако самиот не се грижиш за себе, никој нема да се грижи за тебе. Така живеат денес неверниците и така ги воспитуваат своите деца.
Па така размислувале и апостолите и сакале да ги остават луѓето сами да се снаоѓаат за храна, но Христос им рече: „Нема потреба да одат; дајте им вие да јадат!”
Бог во рајот на човекот му ги дава плодовите на вечниот живот и сѐ уште ги дава плодовите на земјата за да може човекот да живее.
Модерната култура го дистанцира човекот од идејата дека даровите на природата се Божја милост кон нас, а дека ние само ја дополнуваме со нашата работа.
Приметете дека се навикнуваме на идејата дека сѐ може да се купи во продавница, и со тоа продавницата станува наш „дарител на живот“, но за пари. А земјата и човечкиот труд се заборавени. Кога ќе заборавиме на Бога, тогаш некој ќе се наметне како „идол“ и ќе одлучува за судбината на луѓето … како што тоа денес го гледаме во економијата.
Дали си помагаме едни на други во нашите заеднички потреби?
Кога ќе го следиме духот на себичен страв и ќе почнеме да размислуваме само за себе, тогаш нашиот живот ќе пропадне.
Кога ќе заборавиме на Создателот и Дарителот на животот, тогаш ќе заборавиме дека сѐ ѓто ни е дадено не е за нашето себично задоволство, туку за поддршка на нашите заеднички потреби.
Неколку леб и риба нахранија многумина
Не е ни чудо, ајде да погледнеме околу нас, таквото чудо на умножување го имаме постојано во природата, Бог постојано ги умножува даровите на земјата за да ни даде храна, се разбира, ако му дадеме нешто од кое ќе ги умножи. Ако не сееш, нема да жнееш.
Импресивен опис на умножувањето
„Погледна кон небото, ги благослови и како ги прекрши, ги даде лебовите на учениците, а учениците – на народот“, нѐ потсетува на Последната вечера, кога Христос се дава за храна за да имаме вечен живот.
Неверојатно е што Христос не се поштеди самиот себе!
Се предаде на луѓето!
Ова доведе многумина да го наследуваат – да не се сожалуваат и да се даваат едни на други, без да размислуваат за себичните придобивки што станаа една од причините за протерување на човекот од рајот.
Дали сакаме да се вратиме во Царството подготвено за нас пред векови?
Дали може да се сетите што му дадовте на Бог да умножи за да можат другите да имаат полнота на животот? А чудото секако дека ќе се случи.
Фра Виталиј/к.мк