„Покажи ми ги, Господи, патиштата Твои и научи ме да врвам по патеките Твои“(Пс 25 [24], 4)
Овој псалм ни го покажува човекот кој се чувствува опкружен со опасности и закани. Тој мора да го најде вистинскиот пат што конечно ќе го донесе на сигурно. Кому да се обрати за помош?
Свесен за својата кревкост, тој конечно го крева погледот и го повикува Господ, Израелскиот Бог, кој никогаш не го напушти својот народ, но го водеше на долг пат низ пустината сè до Ветената земја.
Искуството за одот во патникот ја буди надежта, тоа е привилегирана можност за нова блискост со Бога, за предавање на Неговата верна љубов со целосна доверба, и покрај сопственото неверување.
На библиски јазик, одот со Бога е, исто така, животна лекција која што подучува како да се препознае Неговиот спасителен план.
„Покажи ми ги, Господи, патиштата Твои и научи ме да врвам по патеките Твои“(Пс 25 [24], 4)
Честопати, откако ќе ги поминеме патиштата на нашата наводна самодоволност, се наоѓаме дезориентирани, збунети, повеќе свесни за сопствените ограничувања и недостатоци. Би сакале повторно да го најдеме компасот на животот, а со тоа и патот до целта.
Овој псалм ни е од голема помош: поттик е за ново или обновено искуство на лична средба со Бога, за доверба во неговото пријателство.
Ни дава храброст да бидеме послушни на Неговото учење кое постојано нè повикува да излеземе од самите себе за да го следиме по патот на љубовта, по којшто Тој Самиот прв чекори како би се сретнал со нас.
Тоа може да биде молитва која што нѐ следи во текот на целиот ден и која што го прави секој момент, радосен или болен, ја прави етапата на нашиот од.
„Покажи ми ги, Господи, патиштата Твои и научи ме да врвам по патеките Твои“(Пс 25 [24], 4)
Хеди од Швајцарија, сопруга и мајка на четири деца, веќе некое време се обидува да го живее Словото. Таа сега е тешко болна; знае дека се приближува до целта на своето земно патување.
Нејзината драга пријателка Кети раскажува: „При секоја посета, како и во односите со негувателите, Хеди е секогаш насочена кон својот ближен, таа е заинтересирана за него, иако сега ѝ стана многу тешко да зборува. Таа им се заблагодарува на сите што се со неа и го дарува своето искуство. Таа самата е Љубов, го живее нејзиното „ДА“ кон Божјата волја! Привлекува многу луѓе: пријатели, роднини, свештеници. Сите се длабоко трогнати од нејзиното внимание кон секој посетител и од нејзината сила, која е плод на верата во Божјата љубов“.
Кјара Лубик зборуваше за животот како за „свето патување[1]“: „Светото патување“е симбол на нашиот од кон Бога. […] Зошто да не го направиме единствениот живот што го имаме патување, свето патување затоа што Свет е оној што нè очекува. […] Дури и оние кои немаат јасно религиозно убедување можат да направат ремек-дело од својот живот, тргнувајќи по вистинскиот пат на моралната одговорност. […] Ако животот е „свето патување“ по патот на Божјата волја, нашиот од бара секојдневен напредок. […] А кога ќе застанеме? […] Дали треба да се откажеме од потфатот што го започнавме, обесхрабрен од нашите грешки? Не, во овие моменти е клучно „да се започне одново“ полагајќи ја целата доверба во милоста Божја, а не во нашата сила. […] И, пред сè, да одиме заедно, обединети во љубов, да си помагаме едни на други. Светецот ќе биде меѓу нас и Тој ќе стане наш „Пат“. Тој ќе ни помогне појасно да ја разбереме Божјата љубов и ќе ја поттикне нашата желба и способност да ја оствариме. Така обединети, сè ќе ни биде полесно и ќе го постигнеме блаженството кое што е ветено на оние кои тргнуваат на „светото патување“[2].
Летиција Магри
[1] Спореди Пс 84(83),6: “Блажен е оној човек, кој заштита бара кај Тебе и во чие срце се патиштата Твои”.
[2] К. Лубик, Слово за животот декември 2006.