На крајот од преговорите кои траеја 4 дена и 4 ноќи, европските лидери постигнаа историски договор за Фондот за закрепнување кој е важен пресврт не само заради конкретните ефекти кои ќе ги има за да се излезе од кризата која ја предизвика пандемијата, туку затоа што иднината на Европската унија донесува нов начин на управување на односите меѓу државите – членки.
Фондот за закрепнување изнесува 750 милијарди евра, од тие 390 милијарди неповратни средства и 360 милијарди за заеми. Државите кориснички ќе мора да ги враќаат износите до крајот на седумгодишниот период на Европската унија односно до крајот на 2027 година. (…)
Кардиналот Жан Клод Холерих претседател на Советот на епископски конференции на Европската унија (COMECE), за Радио Ватикан позитивно го коментираше пресвртот со Фондот за закрепнување. Се работи за значајно отворање на Европа за логиката на солидарност која сигурно ќе се одрази и надвор од континенталните граници – рече кардиналот и истакна: Можеме да кажеме дека Европа ја избра солидарноста, иако се направени многу напори за тоа да се постигне. Задоволен сум што тоа 27-те членки го постигнаа. Европската унија мора да изразува солидарност. Таа нејзината природа и тоа е дел од ДНК на Европската унија.
Во овој момент важна е улогата на Католичката Црква и на другите Цркви затоа што мора секогаш да бидеме на страната на најсиромашните – рече кардиналот Холерих и напомена: Мора да ја изразиме својата солидарност и на луѓето да им ги дадеме средствата кои им се потребни. Во таа смисла сум среќен што се оствари помошта на земјите кои најмногу се погодени од пандемијата како што се Италија, Шпанија и Франција. Длабоко се чувствувам Европеец и не можам да ја замислам Европа која не е солидарна. Сите сме во иста ситуација. Мислам дека помагањето на другите ќе биде благослов и за сопствената економија.
И покрај потешкотиите кои ги предизвика пандемијата Европа и понатаму ќе биде гостољубива кон оние кои бараат подобар пат како што се мигрантите. Тоа за мене е важно прашање, затоа што премногу е лесно да дадеш нешто од својот вишок. Како христијани повикани сме на нешто повеќе. Повикани сме да го делиме она што ни е потребно за да им помогне на другите луѓе. Вчера во својата куќа примив семејство од Ирак. Во оваа време на пандемија, направија маски за многу други луѓе. Тоа е многу убава идеја и се гледа така дека и Европа ако е подготвена нешто да даде, многу прима – заврши кардиналот Жан Клод Холерих, претседател на Советот на епископски конференции на Европската Унија.
Ватикан њуз/к.мк