Канцеларијата за печат на Светиот Престол го објави писмото на папата Фрањо dо почесниот папа Бенедикт XVI по повод смртта на неговиот брат монс. Георг Рацингер.
„Сакам повторно да ви го изразам своето најискрено сочувство и духовна близина во овој момент на жалост,“ напиша папата Фрањо. Нагласува дека се моли за покојниот монс. Рацингер „за Господарот на животот во својата милосрдна добрина да го воведе во небесната татковина и да му ја даде наградата подготвена за верните слуги на Евангелието.“
Папата Фрањо на почесниот папа Бенедикт XVI му пишува дека моли и за него поддршка од христијанската надеж и нежна божествена утеха, повикувајќи го Отецот преку застапувањето на Блажена Дева Марија. „секогаш обединети во приврзаноста на воскреснатиот Христос, изворот на надежта и мирот“, завршува папата Фрањо кој писмото, како што се потпишал го упатува „синовски и братски.“
Ватикан њуз/к.мк
Таг: Папа