Во Стар Дојран од 29 до 31 март 2019 година се одржа Единаесетата Духовна Средба (Vacanzina) во организација на Заедништво и Ослободување (Comunione e Liberazione).
Водечка мисла на средбата беше „Живиот е една присутност“! (“Vivente è un presente”!), пропратени со размислувањата од Светиот Отец, папата Фрањо при неговата посета во Доха и неколку директни сведочења од учесниците во Дојран.
Учесниците на оваа Духовна средба во својата програма во сабота 30 март го вклучија патувањето за Радово, каде во црквата „Свети пророк Илија“ беше служена Литургија за покојната Гордана Стојанова, која скоро сите присутни ја познаваа лично од претходните средби во Дојран и Пловдив.
Светата Литургија ја предводеше Н.В.П. д-р Киро Стојанов, во сослужение на свештениците гости отец Григорио и отец Стефано и домашните отец Зоран И. Стојанов, о. Трајче Ташев, отец Илија Стојанов, отец Атанас Сирачев и отец Георги Ангелов, во присутво на домашните на покојната, верници од парохијата и учесниците кои беа од: Грција, Бугарија, Романија, Албанија, Косово, Чешка, Полска, Италија…
к.мк/Кирил Стојанов