Одржана средбата „Маријаполи“ во Кнежино – Кичево

Одржана средбата „Маријаполи“ во Кнежино – Кичево

Од 29 јуни до 1 јули 2018 година во с. Кнежино, Кичевско, се одржа средбата на Маријаполи во Македонија, организирана од членовите на Движењето на Фоколарините.

Маријаполи е средба, настан кое се одржува најмалку еднаш годишно, и е од интеррелигиозен карактер на која земаат учество верници од христијанска, католичка и православна вера, и од муслиманска вера, кои преку нивната различност наоѓаат нешто што ги обединува, а тоа се почитта кон Марија, Пресвета Богородица, и љубовта кон ближниот. И на оваа средба беа присутни околу 80 членови од кои добар дел од муслиманска вероисповед, верници од Скопската бискупија и епархијата Струмица-Скопје, како и гости од Косово, Словенија и Белгија.

Овогодинешната тема на размислување беше „Заедништвото – пат кон надежта“, на која поединци излагајќи свои лични искуства или сопствени размислувања дадоа свој придонес да се дојде до заклучок дека сепак „Заедништвото е возможно“.

Освен централната тема, беа допрени и други теми, кои се разработуваа во групи, креативни работилници и меѓусебно дружење со цел за подобро меѓусебно запознавање.

На крајот, излагајќи ги впечатоците од оваа средба, учесниците посакаа овој Маријаполи да не заврши со нивното заминување, туку и понатаму да продолжи во секојдневниот живот на секој поединец и да го живее со својот ближен во неговата околина, надевајќи се дека ќе се рашири и ќе допре до повеќе луѓе, кое ќе вроди со плод, и со надеж дека ќе има поголем одзив за следниот Маријаполи.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот