Папата се сретна со перуанските епископи

Папата се сретна со перуанските епископи

На крајот од апостолската посета на Перу, папата Фрањо се сретна со перуанските епископи собрани во архиепископската сала во Лима расправајќи со нив за предизвиците на Латинска Америка.

По воведните мисли за исклучителниот живот на свети Торибиј ди Монговеја, свештеник, пастир, човек кој знаел да дојде на другата страна на светот допирајќи го срцето на својот народ, разговараа за тешките теми како што е корупцијата, злоупотребите кои се направени во Амазонија, но и за иднината на младите, за дрогата, даночните намалувања, како и за пасторалот.

За да ги зацврсти епископите во нивната служба, Папата им зборуваше за животот на свети Торибиј кој го нарече „новиот Мојсеј“, потсетувајќи дека од 22 години епископска служба, 18 години поминал поминувајќи ја, 3 пати територијата под неговата надлежност, затоа што бил уверен дека сведоштвото на пастирот присутен во своето стадо е вистински израз на евангелизација.

Бил епископ на потрошени ѓонови кој одел во пресрет на другите за да го навести Евангелието на сите, на сите места, во сите прилики, без одложување, без одбивање и без страв – рече Светиот Отец и додаде: Радоста на Евангелието е за сите луѓе, не може да се исклучи никој.

Во центарот на науката на свети Торибиј – истакна папата Фрањо – бил третиот собор во Лима кога наредил катехизмите да се преведат на неколку локални јазици. Смета дека е важно да се научи јазикот на народот, затоа што само така Евангелието може да влезе во срцата. Денес пастирите исто така се повикани на новиот предизвик на дигиталниот јазик. Тоа е итна работа за нас пастирите во 21 век затоа што мораме целосно да го научиме новиот дигитален јазик за да го разбереме сегашниот јазик на нашите млади, семејствата и децата.

Свети Торибиј не молчел за неправдите, злоупотребите и корупцијата, затоа што нема вистинска евангелизација – додаде Папата – која не огласува и не го пријавува секое зло насочено против животот на нашите браќа, посебно оние најзагрозените. Посебно се грижел за формирањето на домородните свештеници, како да создаде локално свештенство, затоа што Црквата е плодна мајка. Го бранел ракополагањето на свештениците mješaод локалните заедници, бил нивен верен пријател, ги посетувал и се грижел за нив.

Не негирајќи ги тензиите, разликите и конфликтите, свети Торибиј учел да се дијалогизира на чесен и искрен начин, повикал да не останеме заборобеници на поделбите, туку да појдеме по новите патишта. А тоа е патот по кој и денес Црквата оди. На крајот повикувајќи ги перуанските епископи да работат за единство, Папата ги поттикна да не го заборават она што во првата Црквата привлекувало, а тоа е „како се љубеле“ и тоа е најдобрата евангелизација.

РВ/к.мк

Категорија: Uncategorized

За авторот