Погледни во својата торба – имаш работи кои не ти требаат

Погледни во својата торба – имаш работи кои не ти требаат

Денес сакаме да се обидеме да ѕирнеме во таа торба. Ако мислиш да одиш и патуваш уште подалеку, ти требаат доста работи внатре. Но внимавај да не бидат премногу. Торбата со премногу работи значи оптеретување…

Не е новост да се набљудува животот како патување или поклоничко патување. Новост може да биде дестинацијата (целта) каде што си се упатил. Дозволи си на себе да го проживееш уште овој ден не размислувајќи премногу каде одиш. Дозволи си да ја преспиеш ноќта. Новиот ден е секогаш добра прилика за нови одлуки. Денес забави со размислувањата што се е во твојата торба која си ја земал за на пат. Можеби таа торба повеќе и не ја доживуваш. Понекогаш е потребно да се тргне торбата од рамењата за  да се почувствува колку навистина била тешка. О, да… Кога ја спушташ торбата од рамењата, тогаш ја чувствуваш болката во рамењата која како да не била таму додека торбата била на грбот. Понекогаш таа торба се „лепи“ за тебе. Како да станува дел од тебе.

Денес сакаме да се обидеме да ѕирнеме во таа торба. Ако мислиш да одиш и патуваш уште подалеку, ти требаат многу работи внатре. Но, внимавај да не бидат премногу. Премногу работи значи и оптеретување. Премногу работи значи и побавно одење. Премногу работи значи дека кога ќе дојдеш на нагорнина, тие работи можат да те повлечат назад. Премногу работи значи и потешко одење, повеќе потење и повеќе умор. Погледни денес во таа торба. Торбата со која одиш во својот ден. Торбата која што ја носиш со себе. Торбата во која ги ставаш твоите чувства, своите дилеми, тешкотии, желби, молитви, потреби, носталгијата, гревовите, вината, стравовите и уште многу од тоа… Сето тоа е твојот личен товар, твојот личен багаж.

Денеска обиди се да го извадиш сето тоа од торбата и да го класифицираш на едно место. Среди ги тие работи пред тебе како на стол или како на трева. Направи попис. Всушност, гледајќи во себе. Гледаш во она што ти го обликува животот, повеќе – помалку. Пред да дојде она утро кога можеш да размислуваш каде ќе одиш – обиди се да ги запознаеш деловите на својот багаж, како и деловите на самиот себе си. Не можеш и не смееш сѐ да отфрлиш. Но, како што патникот добро мери и проверува што сѐ му е потребно и неопходно, така и ти. Провери без што неможеш, а што те оптоварува и што те влече назад. Патот по кој што сме тргнале (како и да се нарекува одредиштето (местото) води напред. Нашата насока е напред.

Сакаш да одиш напред, а секој чекор ти се чини како година? Можеби е работата во багажот кој ти ги отежнува чекорите. Животот не е лесен, ниту ќе биде некогаш твојот багаж полесен, па без и малку мака ќе можеш да ги правиш следните чекори. Свети Фрањо Асишки радикално се решил сето она што го поседува да го отфрли и одлучил да го следи Христос потполно сиромашен и без апсолутно никаква сопственост. Тоа не ги направил неговите чекори и неговиот живот потполно и апсолутно лесен. Трпел и понатаму. Се мачел и понатаму. Грешел и понатаму. Од друга страна, свети Фрањо сфатил дека многу од тоа што го поседувал и многу од тоа како живеел му го отежнува животот. Кога се одлучил да го следи Христос, чувствувал потреба да се откаже од многу работи. Чувствувал дека тој претходен живот со своите оптоварувања го гушел, па така морал да пронајде начин како полесно да дише.

Сите ние носиме торби пренатрупани со материјални работи од нашето минато. Отежителна околност е тоа дека почесто во тие торби трупаме материјални работи и мислиме дека можеме да ги носиме па колку и тие да би биле тешки за носење. Секој човек има свој граници и слабости. Никој од нас не е Супермен. Затоа денес одлучи да извадиш нешто од торбата и да го оставиш тоа зад себе. Тоа е тешка одлука, но тешките одлуки го олеснуваат животот. Одлучи што е важно, а што неважно. Одлучи без што можеш, а без што неможеш. Одлучи што ми е потребно, а што ме оптоварува. Одлучи што сакам, а што не сакам. Немој да си дозволиш тие одлуки да ги носи некој друг наместо тебе… Тоа е твој живот. Живеј го својот живот. Бирај го својот багаж. Уживај во патувањето.

Ако некој сака да врви по мене, нека се одрече од самиот себе, нека го земе крстот свој и нека ме следи… Исус од Назарет.

Фра Жељко Барбариќ/Битно.нет

Категорија: Вера, Духовност

За авторот