Како човек за другите, оној на кого му е доверена заедницата, еден дел од Божјиот народ, свештеникот мора да знае да воспостави плодни односи со другите и да биде создател на заедништвото.
Со светата Тајна Свештеничко ракополагање свештениците се сообразуваат со Христос Свештеник со цел, како служители на Главата, да го подигнуваат и градат цело негово Тело – Црквата. Како и сите други христијани и свештениците се повикани да го остваруваат Христовиот повик и заповед, да бидат совршени како што е совршен Отецот небесен. За свештеник кој е активен во пасторалот од посебно значење е „способноста за однос“ со другите.
Како човек за другите, како оној на кого му е доверена заедницата, еден дел од Божјиот народ, свештеникот мора да знае да воспостави плодни односи со другите и да биде создател на заедништвото. Тоа значи дека свештеникот, пишува Иван Павле II, не смее да биде „дрзок ниту кавгаџија, туку љубезен, гостољубив, искрен во зборовите и срцето, разумен, воздржан, великодушен и расположен за служење, способен посебно да понуди и да разбуди во другите отворени братски односи, подготвен за разбирање, за простување и утешување“. Со еден збор свештеникот треба да биде свет. И самиот збор „свештеник“ во корен содржи збор „свет“, тој е оној кој се занимава со свети работи. Свештеникот, меѓу останато како и секој христијанин, има една цел: да биде свет!
Десет препораки до верниците лаици за однос со нивните свештеници
- Треба постојано да се молиме за посветувањето на свештеникот. Светите свештеници се најголемото добро на нашите парохии. Светите свештеници се спас за нашите млади.
- Помогнете му на својот свештеник темелно да го живее своето свештенство.
- Никогаш не поттикнувајте несогласување помеѓу свештениците, затоа што настануваат групирања во верничката заедница.
- Бидете од помош на своите свештеници во нивните хумани и духовни потреби.
- Не однесувајте се афективно и ефективно кон свештеникот, како тој да ви припаѓа само вам. Свештеникот припаѓа во прв ред на Христос, а посветен е да биде во служба на сите, а посебно на оние во потреба.
- Развеселувајте ги вашите свештеници со својот раст во верата, надежта и љубовта.
- Кога свештеникот ќе згреши, нека вашето милосрдно срце биде побрзо од осудата. Почитувајте ги свештениците, ако има и илјада недостатоци, не ги нагласувајте. Не судете премногу бргу за неговите слабости, за Бог да ги прости вашите.
- Не барајте во свештеникот менаџер или психолог за светото. Гледајте на него како оружје Божјо преку кое и денес делува Христовата спасителна милост.
- Соработувајте, молете и трпете со своите свештеници, вашата парохија да биде вистинска заедница, големо семејство, отворена за служба на сите; за вашата парохија да биде како извор во кој многумина ќе доаѓаат да ја изгаснат својата жед.
- Настојувајте секогаш во свештеникот да го гледате втор Христос, како што вели светиот Аршки парох: „Кога го гледате свештеникот, мислете на нашиот Господ“.
Пет препораки до свештениците за да бидат добри свештеници
- Треба да се очистите себе си пред да почнете да ги чистите другите;
- Треба да бидете поучни за другите да би можеле да се поучуваат;
- Треба да станете светло за да можат да бидат свети;
- Приближете се до Бога за да можат и другите да се доведат до Него;
- Бидете посветени и другите да се посветуваат.
(Св. Гргур Назијански)
Лаудато/к.мк