Пред вашето дете е Првата Причест. Наскоро вашето дете нема да ја дели само Вашата ДНК, тоа со Вас ќе го дели и Телото Христово! Подгответе го за оваа света Тајна.
Најпосле дојде тој ден – денот кога Вашето дете ќе ја прими Првата Света Причест. Најверојатно долго сте чекале и веќе некое време сте се подготвувале за овој момент. Сте се труделе својот малечок да го подигнете во католичката вера и сега тој или таа се спремаат да го направат следниот голем чекор. Многу е возбудливо да се знае дека вашето дете наскоро ќе го прими Телото, Крвта, Душата и божанството на Исуса Христа во светата Тајна. Замислете! Наскоро вашето дете нема само да ја дели вашата ДНК, туку тоа со Вас ќе го дели и Телото Христово! Тоа ќе биде нов вид на поврзаност со детето кое, до сега не сте ја искусиле.
За жал, сепак, со целата логистика (купување на соодветна облека за Првата Причест, испраќање на покани, чистење на куќата за доаѓањето на роднините, готвење итн.) лесно е „од шумата да не се види стеблото“ и потполно да се занемари онаа најважното од сѐ – духовната подготовка на детето за тој посебен ден.
Примамливо е да се потпреме на вероучителите за своето дете да го поучат за важноста на примањето на светата Евхаристија, посебно кога имате толку работа околу организацијата на сѐ останато. Сепак, вистина е дека подготовката на вашето дете за оваа света Тајна почнува и завршува со Вас, родителите. Вие сте највлијателната личност во животот на своето дете, затоа моделот на вашето почитување кон Евхаристијата ќе биде оној кој детето ќе го научи за однесување.
Донесуваме неколку едноставни совети како да го насочите своето и вниманието на детето на вистинското значење на оваа неверојатна света Тајна.
Прво: Да ги пронајдете оние мали моменти на катехезите
Едноставен начин за почеток на почитувањето на Евхаристијата почнува така што на детето ќе му го објаснете своето одење на Литургија. На пример, на денот кога одете на Литургија речете му на своето дете дека одите за да бидете со Исуса на посебен начин па така Го примате во своето тело. Ако одете на Литургија во текот на неделата, речете му на своето дете како одите честопати на Литургија за да го примите Исуса што повеќе. Поттикнете ја нивната возбуда за тоа!
Кога го започнувате својот едноставен пост пред Литургијата, најавете му на детето што правите и повикајте го да учествува во постот со вас. Објаснете му ја причината за постот, на тој начин дека се подготвувате и духовно и физички за примањето на Исуса во своето тело.
Поттикнете го длабоко своето дете кон почитувањето на светата Евхаристија така што ќе се молите со него пред и после примањето на Светата Причест. „Душо Христова“ е прекрасна и едноставна Евхаристиска молитва која можете со детето заедно да ја молите, за да ја запамти, а обично се наоѓа во молитвениците. Дојдете неколку минути пред почетокот на Литургијата и заедно молете ја оваа молитва! Ваквиот начин на искажување на посебна молитва, на вашето дете ќе му даде посебно почитување кон светиот момент на примањето на Причеста.
Кога ќе ја напуштете клупата (столот) после завршувањето на Литургијата, наместо клечејќи во премин, прошетајте со детето до Светохранилиштето и клекнете со него. Така на Вашето дете ќе го научите дека Исус е навистина присутен во Евхаристијата како и тоа дека Тој престојува во Светохранилиштето сѐ до следната Литургија.
Напомена: (…)Идејата е континуирано, со свои зборови, да му се објаснува на вашето дете дека Исус е навистина присутен во Евхаристијата и дека тоа е причината за одењето на вашето семејство на Литургија.
Второ: Одведете го Вашето дете на Евхаристиско обожавање
Папата Иван Павле II и папата Бенедикт XVI го препорачуваат Евхаристиското обожавање како одличен начин за духовна подготовка на децата за Првата Причест. Немојте да се грижите што Вашето дете нема да го разбере Евхаристиското обожавање (не морате дури ништо да зборувате) или што нема да може мирно да седи. Само кажете му како неколку моменти ќе седете и ќе разговарате со Исуса па така повикајте го и тој да поразговара со Него.
Напомена: Запомнете дека децата по природа веруваат па така и духовните вистини не им се тешки за разбирање доколку едноставно им ги објаснете. Можеби ќе воочите како вашето дете го сфаќа концептот на Исусовата реално пристуство во Евхаристијата па така всушност позитивно ќе реагира на искуството на поклонувањето.
(…)
Со овие едноставни совети на своето дете ќе го подготвите за неговиот посебен ден со Исуса, кога за прв пат ќе Го прими во светата Тајна Светата Причест. Ако сте пронашле уште некој корисен начин кон духовна подготовка на детето за Првата Причест, ве молиме, поделети ги своите коментари со нашите читатели!
Жена врсна/к.мк