„24 часа за Господ“: на 13 и 14 март црквите отворени за молитва и исповед

„24 часа за Господ“: на 13 и 14 март црквите отворени за молитва и исповед

Тринаесетто издание на иницијативата за размислување и помирување, која секоја година се одржува во сите бискупии во пресрет на Четвртата недела од Великиот пост. Можност за евхаристиско обожавање и за света исповед. Достапен е пасторален прирачник на веб-страницата на Дикастеријата за евангелизација.

Иницијативата „24 часа за Господ“, покана за молитва и помирување во Великиот пост, пристигна до своето тринаесетто издание. Таа секоја година се одржува во бискупиите ширум светот во пресрет на Четвртата недела од Великиот пост. Мотото што го избра папата Лав XIV е преземено од стих од Евангелието според Јован: „Не дојдов да му судам на светот, туку светот да го спасам“ (Иван 12,47).

Отворени цркви

Во подготовка за Велигден, во вечерните часови во петок, 13 март, и во текот на целиот ден во сабота, 14 март, на црковните заедници им се предлага да предвидат вонредно подолго отворени на црквите. Така, верниците ќе имаат можност во секое време да останат на евхаристиско обожавање и да пристапат на Света Исповед. Отворените врати на црквите се симбол на милосрдната Божја љубов.

Прирачник

Во подготовка на иницијативата, Дикастеријата за евангелизација објави пасторален прирачник кој содржи материјали за лична молитва и предлози за заедничко славење. Бискупиите и парохиите, во Италија и во светот, се охрабруваат овој молитвен момент да го одбележат и во своите заедници.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот