„200 Радувај се Маријо за 200 семејства“

Во рамките на годината на семејството во парохијата „Свети Кирил и Методиј“ – Петралинци, во организација на младите од парохијата, од 21 до 24 август 2014 година се спроведе молитвена акција насловена како „200 Радувај се Маријо за 200 семејства.“

Во тие денови младите молеа до Пресвета Богородица за сите семејства во населеното место, а бројот двеста е земен симболично и го означува вкупниот број на семејствата во селото.

Акцијата заврши на 24 август со света Литургија и процесија околу Црквата со статуата на Пресвета Богородица, кој што го носеше едно семејство од парохијата. Во дворот на Црквата беше измолен Молебен до Пресвета Богородица.

Ова акција имаше цел да се зацврсти заедништвото меѓу семејства во парохијата.

о.Ѓ.П.

Категорија: Македонија

За авторот